ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2008

Архива: 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
„Подготовка на протоколи за МААСП – Фаза 2“ - 1108
Цел на проектот
Подготовка на протоколи за најдобра земјоделската практика за одредени култури во шест региони на Македонија.
Времетраење на проектот
Август - Ноември  2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Советници во земјоделството имплементатори на пакетите
Краток опис
Испорака на консултантски услуги од страна на АЦЕ за потребите на МААСП 2 при обезбедување локални експерти кои ке извршат ревизија на веке постоечките практични протоколи и подготовка на подобрени  протоколи кои ке бидат водич во развојот на советодавните пакети.
Донатор
СИДА / МААСП 2
Вклучени организации
ГРМ (GRM International АВ) / МААСП 2
Студија за создавање на ефикасен и одржлив систем за менаџмент на отпадот од пакувањата на пестициди во регионот на Преспа и развивање на практики за справување со истиот” – 1008
Цел на проектот
Изготвување опсежна студија за воспоставување на ефикасен и одржлив систем за менаџмент на отпадот од пакувањата на пестициди во регионот на Преспа.
Времетраење на проектот
Август - Ноември  2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Општината Ресен, а индиректно целокупниот екосистем во регионот, како и општата јавност.
Краток опис
Проектот има намера да развие сеопфатна студија за воспоставување на ефикасен и оддржлив систем за управување со отпад од амбалажа на пестициди, на целата територија на Општина Ресен, (делот од Преспанскиот басен кој се наоѓа на територија на република Македонија).
Донатор
УНДП
Вклучени организации
УНДП
Препораки за ex-situ заштита” – 0908
Цел на проектот
Изготвување препораки за “ex-situ” заштита.
Времетраење на проектот
Август 2008
Регион
Република Македонија
Краток опис
Испорака на консултантски услуги од страна на АЦЕ за потребите на МЕД и обезбедување експерт од научно истражувачката дејност кој според однапред утврдена методика ке изврши испитување на р’тливоста на семенскиот материјал. Востановување на метод за утврдување на способноста и висината на ртноста на семенскиот материјал и испитување на квалитативните својства на семенскиот материјал од неколку ендемични видови Viola ( V.arsenica, V.allchariensis, V.chariensis, V.gostivariensis, V.ivonis, V.slavikii ). 
Донатор
Македонско Еколошко Друштво (МЕД)
Вклучени организации
Македонско Еколошко Друштво (МЕД)
Водич за советодавни пакети” – 0808
Цел на проектот
Подготовка и публикување на “Водич за советодавни пакети“.
Времетраење на проектот
Април 2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Советници во земјоделството, имплементатори на пакетите.
Краток опис
Водичот ќе се изработи во формат на книга и ЦД-ром,  креирани  со цел да им помогне на советниците, индивидуално или како група, да изработуваат, спроведуваат и набљудуваат советодавни пакети со земјоделците.
Донатор
СИДА / МААСП 2
Вклучени организации
ГРМ (GRM International АВ) / МААСП 2
Подготовка на протоколи за МААСП 2” – 0708
Цел на проектот
Подготовка на подобрени протоколи.
Времетраење на проектот
Април - Мај 2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Советници во земјоделството.
Краток опис
Испорака на консултантски услуги од страна на АЦЕ за потребите на МААСП 2 при обезбедување локални експерти кои ке извршат ревизија на веке постоечките практични протоколи и подготовка на подобрени  протоколи кои ке бидат водич во развојот на советодавните пакети.
Донатор
СИДА / МААСП 2
Вклучени организации
ГРМ (GRM International АВ) / МААСП 2
Предлог сертификациони шеми за советници во земјоделството ” – 0608
Цел на проектот
Испорака на консултантски услуги со преглед на акредитациони шеми.
Времетраење на проектот
Април 2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Советници во земјоделството, имплементатори на пакетите.
Краток опис
Подготовка на опции за менаџирање на акредитациони шеми за советниците во земјоделството.
Донатор
СИДА / МААСП 2
Вклучени организации
ГРМ (GRM International АВ) / МААСП 2
Длабинска анализа и проценка на превенција од загадување на животната средина за компанијата Виталиа-EDD/PPA ” – 0508
Цел на проектот
Изготвување проценка и анализа од локален експерт, за компанијата Виталиа.
Времетраење на проектот
Март 2008
Регион
Република Македонија
Целна група

Директна целна група се: Компанијата “Виталиа“ идентификувана од АгБиз
Индиректно корист ќе имаат и други, и општата јавност.

Краток опис
Обезбедување на поддршка и консултантски услуги од страна на АЦЕ за потребите на Клиентот при вршење на анализа и проценка на превенција од загадување на животната средина од страна на компанијата “Виталија“.
Донатор
УСАИД (USAID) / АгБиз Програма
Вклучени организации
Асоцијација за Рурален Развој (АРД) / АгБиз Програма
Студија на тема  Влијанието на меѓународните трговски договори врз земјоделието во Република Македонија” – 0408
Цел на проектот
Изготвување студија за влијанието на регионалните трговски договори во агро-бизнисот во Република Македонија.
Времетраење на проектот
Март - Април 2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Фирми од петте ланци на вредности поддржани од АгБиз програмата на УСАИД.
Краток опис
Консултантски услуги и извештаи од страна на АЦЕ за потребите на Клиентот при изготвување на студија за влијанието на регионалните трговски договори како и идентификација на позитивните и негативните аспекти од истите врз агробизнисот во Македонија, посебно на учесниците во различни сегменти од петте ланци на вредности подржувани од АгБиз Програмата на УСАИД.
Донатор
USAID / MBEA -Booz,Allen&Hamilton
Вклучени организации
МБЕА – Скопје / АгБиз Програма
Југо-Источно Европска Развојна Мрежа (SEEDNet) за зачувување Растителните Генетски Ресурси” – 0308
Цел на проектот
Воспоставување на регионална мрежа за соработка во зачувувањето на растителните генетски ресурси.
Времетраење на проектот
Февруари – Декември  2008
Регион
Југо-источна Европа
Целна група
Регионални работни групи за одделни земјоделски култури.
Краток опис
Програмата (SEEDNet) е воспоставена со цел да пружи поддршка на земјите од регионот во нивните напори да ги воспостават и зајакнат националните и регионалните програми за заштита на растителните генетски ресурси, фокусирани на конзервација, искористување, соработка и поврзување помеѓу сите вклучени организации на национално и регионално ниво.
Донатор
СИДА (SIDA), SEEDNet Програма
Вклучени организации

Мрежата се состои од единаесет учеснички: Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Република Српска, Федерација Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија и Молдавија.
(Детална листа)

“Проценка на потребите за зајакнување на капацитетите на фирмите во петте вредносни ланци поддржани од страна на проектот АгБиз на УСАИД (USAID) ” – 0108
Цел на проектот
Препораки за активности за зајакнување на капацитетите на одбраните фирми.
Времетраење на проектот
Февруари - Март 2008
Регион
Република Македонија
Целна група
Мали, средни и големи компании, од следниве сегменти на агро-бизнисот:
  • Вино во шишиња;
  • Шумски производи (освен дрвни), во прв ред диви печурки и бобинки;
  • Трпезно грозје;
  • Преработки од зеленчук, и
  • Свеж зеленчук.
Краток опис
Спроведување на проценка на потребите за зајакнување на капаците во областите на инпут во производството, производството, преработката, управувањето и маркетингот за одреден број на компании. Проценката ќе ги покрие компаниите од целата територија на Република Македонија, разновидни по големина и учество во врските помеѓу вредносните ланци поддржани од АгБиз проектот.
Донатор
УСАИД (USAID) / АгБиз Програма
Вклучени организации
ЦЕЕД (CEED), Д.О.О.Е.Л., Скопје, Македонија

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved