ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2010

Архива: 2017, 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
“Мрежа за реформа на наставните програми за рурален развој во Западен Балкан - WBREN” – 0410
Цел на проектот
  1. Да ги развие и подобри способностите на постоечките професионалци во неформалното образование, кои заедно со експерти од ЕУ ќе развијат и на чинителите во руралниот развој ќе им испорачаат прилагодени обуки.
  2. Да се воведе едногодишна програма за специјализација за рурален развој во согласност со ECTS на водечките високообразовни институции во Западен Балкан.
  3. Да се воспостави Центар за рурален развој на водечките високообразовни институции во Западен Балкан за поддршка на програмите за специјализација за рурален развој и активности во неформалното образование
  4. Да ја зголеми регионалната соработка во областа на руралниот развој и ширење на мрежата за рурален развој во Западен Балкан.
Времетраење на проектот
јануари 2010-јануари 2013
Регион
Западен Балкан
Целна група
Даватели на услуги во формалното и неформалното образование
Краток опис
Проектот обрнува внимание на недостигот и потребата за реформа на курикулумите за рурален развој во регионот на Западен Балкан, преку тренинг, развој и имплементација на програми за рурален развој во формалното и неформалното образование.
Донатор
Европска Комисија
Вклучени организации
Универзитет Рeдинг (Велика Британија), Чешки универзитет за земјоделство, Универзитет Вагенинген (Холандија), Универзитет во Хелсинки (Финска), Универзитет за земјоделство во Тирана (Албанија), Универзитет во Корча (Албанија), Универзитет Сингидунум (Србија), Универзитет во Нови Сад (Србија), Универзитет во Сараево (БиХ), Универзитет во Бања Лука (БиХ), Државен универзитет во Тетово, Универзитет Гоце делчев - Штип, Федерација на фармерите во Република Македонија, Земјоделско здружение Моба, Natura Balkanika Nature Society, Институт за демократија и медијација, Албанско Агро-еколошко здружение, Агенција за соработка, едукација и развој, Агенција за регионален развој на херцеговина, Секретаријат на Постојана работна група за рурален развој во југоисточна Европа
“Регионална работилница за развој на човековите ресурси во советодавниот сектор во земјоделството во Западен Балкан” – 0310
Цел на проектот
  1. Да се утврди состојбата во областа на развојот на човековите ресурси кај најважните даватели на советодавни услуги (јавни, приватни, граѓански сектор);
  2. Да се идентификуваат потребите за обука на персоналот на давателите на советодавни услуги;
  3. Да се направи Проект за регионална техничка соработка, за развој на човековите ресурси за поддршка и советодавни услуги, прифатен од главните засегнати страни од земјите учеснички.
Времетраење на проектот
Април 2010
Регион
Западен Балкан
Целна група
Владини претставници, претставници на институции за поддршка и советодавни услуги во земјоделството, тренери за развој на капацитетот на човекови ресурси
Краток опис

Оваа регионална работилница е една од финалните активности во рамки на проектот "Техничка поддршка за развој на човековите ресурси во советодавните улуги во земјоделството" за да се обезбеди потребната платформа за:

  • Да се дискутира за националните согледувања и да се идентификуваат заедничките проблеми и специфичните особености за различни земји во однос на развојот на капацитетот на човековите ресурси;
  • Да се направи споредбена анализа помеѓу земјите учеснички;
  • Да се утврдат преклопувањата и дополнителните елементи помеѓу земјите, со цел соработката да се направи поефективна;
  • Да се презентираат и да се дискутира за следни активности и одговорности, поврзани со финализирање на регионален предлог проект.
Донатор
ФАО
Вклучени организации

ФАО

“Легуминозни култури како основа за органско производство во Македонија - Legumac” – 0210
Цел на проектот
Одгледување на легуминозни растенија како основа за органско земјоделство и подобра исхрана на животните
Времетраење на проектот
март 2010-мај 2012
Регион
Македонија
Целна група
Фармери
Краток опис
Проектот има за цел:
  • Да се утврди приносот и квалитетот на луцерка во одредени региони во Македонија;
  • Да се одржи биолошката разновидност преку систем на ротација и плодоред;
  • Да се прилагоди концептот на органско производство со ротација, што ќе овозможи легуминозните култури да бидат покорисни;
  • Да се подготват едноставни шеми за ротација на културите;
  • Да се претворат добиените резултати во нови иницијативи фармерите да се потпрат на обновливи извори на енергија во организиран систем на органско земјоделско производтсво;
  • Да се рашират резултатите преку медиумите, фармерите и заинтересирани граѓани за вредноста на легуминозните култури.
Донатор
Влада на Фландрија
Вклучени организации
Институт за земјоделство и риболовни истражувања (ILVO), Белгија; Агро-Био Институт, Бугарија; Институт за истражување на планинско сточарство и земјоделство, Бугарија
“Југо-Источно Европска Развојна Мрежа (SEEDNet) за зачувување Растителните Генетски Ресурси” – 0110
Цел на проектот
Воспоставување на регионална мрежа за соработка во зачувувањето на растителните генетски ресурси.
Времетраење на проектот
Јануари – Декември  2009
Регион
Југо-источна Европа
Целна група
Регионални работни групи за одделни земјоделски култури.
Краток опис
Програмата (SEEDNet) е воспоставена со цел да пружи поддршка на земјите од регионот во нивните напори да ги воспостават и зајакнат националните и регионалните програми за заштита на растителните генетски ресурси, фокусирани на конзервација, искористување, соработка и поврзување помеѓу сите вклучени организации на национално и регионално ниво.
Донатор
СИДА (SIDA), SEEDNet Програма
Вклучени организации
Мрежата се состои од единаесет учеснички: Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Република Српска, Федерација Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија и Молдавија.
(Детална листа)

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved