ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2007

Архива: 2017, 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
„Агро е-училница“ – 0107
Цел на проектот
Цел на проектот „Агро е-училница“ е да се подобри квалитетот на предавање и примање на знаењето на предавачите во Агро-центарот за едукација.
Времетраење на проектот
Февруари – декември 2007
Регион
Македонија
Целна група
Предавачи, учесници на курсеви и семинари во земјоделството
Краток опис
Поаѓајки од општите цели на АЦЕ како институција, со реализација на овој проект би ги имал следниве задачи:

  • Да обезбеди еднаков пристап на обучувачите на АЦЕ до современите технологии за образование (употреба на компјутери, интернет пристап и софтвер, мултимедијален пристап на едукативните процеси, современи образовни помагала, итн);
  • Креирање на соодветна работна околина за предавачите и учесниците на предавањата;
  • Создавање на мрежа за соработка со други институции од областа на интерес на АЦЕ
Донатор
Фондација е-Македонија
Вклучени организации
Земјоделски Институт Скопје
Метаморфозис - Скопје
„Обука за претприемништво“ – 0207
Цел на проектот
Цел на проектот „Обука за претприемништво“ е да се зајакнат капацитетите на советниците во земјоделството, како на младите – почетници, така и на веќе искусните давачи на земјоделски совети
Времетраење на проектот
Февруари – септември 2007
Регион
Македонија
Целна група
Советници во земјоделството
Краток опис
Поаѓајки од општите цели на АЦЕ како институција, со реализација на овој проект би ги имал следниве задачи:

    • Да се направи издржана програма за обуката поделена во 5 модули;
    • Спроведување на обуките;

Целата програма е поделена на 5 модули:

  • Идентификација на клиенти (2 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
  • Основи на финансии (2 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
  • Деловно планирање (3 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
  • Деловно раководење (3 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
  • Советување на земјоделци (2 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
Донатор
СИДА (Шведската агенција за меѓународна соработка)
Вклучени организации
Опто/Интернационал - МААСПрограма
Обука и изработка на „Прирачник за собирачи на самоникнати растенија според принципите на органско производство “ – 0307
Цел на проектот
Подготовка на прирачник со наслов „ Прирачникот за собирачи на самоникнати култури (диви шумски и други плодови) според стандардите на органско земјоделско производство “ кој ќе биде референтна основа и ќе ги собере сите правни регулативи како и стандарди на едно место за сите собирачи на диви шумски и други плодови, за да не се судираат со проблемот на сертифицирање на овој вид економска активност.
Времетраење на проектот
февруари - јули 2007
Регион
Македонија
Целна група
Земјоделци, собирачи и советници (мултипликатори)
Краток опис
Поаѓајки од општите цели на АЦЕ како институција, со реализација на овој проект би ги имал следниве задачи:

    • Да подготви коегзистентен текст на оваа тема;
    • Да го подготви графичка обработка (дизајн) на прирачникот;
    • Да се направи подготовка за печатење.

Прирачникот ќе се фокусира на следниве подрачја:

  1. Преглед на постојните прописи од областа во Република Македонија
  2. Основни принципи за органско производство-собирање на самоникли видови
  3. Принципи (стандарди) за собирање и ракување со собраниот материјал
  4. Сушење, складирање и припрема
  5. Откупни пунктови и преработка
  6. Продажба и маркетинг
  7. Критични точки
Донатор
ЦДС (Швајцарската агенција за развој)
Вклучени организации
Пробио – Скопје
ФиБЛ - Швајцарија
„Обука за рурален развој“ – 0407
Цел на проектот
Цел на проектот „ Обука за рурален развој “ е да се зајакнат капацитетите на советниците во земјоделството од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството (АПРЗ) во Македонија во делот на имплементација на програмата за рурален развој на РМ за 2007 година, со посебен осврт на вештините за аплицирање и пополнување на барањата на потенцијалните корисници.
Времетраење на проектот
мај 2007
Регион
Македонија
Целна група
Советници во земјоделството (АПРЗ)
Краток опис
Обуката е предвидена како еднодневна обука која ќе ги обучи учесниците за генералните принципи на програмата за рурален развој, приоритетите и причините за имплементација, финансиската поддршка, временската рамка и критериумите за избор
  • Практичен дел: пополнување на барањата од страна на учесниците, како вежби кои би им помогнале во практичната имплементација на програмата на терен.
  • Оваа програма ќе се повтори 4 пати во текот на времетраење на проектот, за да се покријат 100 советници во 4 региони од Македонија.

    Донатор
    СИДА (Шведската агенција за меѓународна соработка)
    Вклучени организации
    Опто/Интернационал – МААСПрограма
    „Обуки за собирачи и откупувачи на самоникли ароматични и лековити според принципите на органско производство„– 0507
    Цел на проектот
    Да се обучат собирачите и преработувачите на ароматични и лековити самоникнати растенија за адекватно применување на принципите и правилата кои важат во оваа област за да се обезбеди задоволување на сите законски одредби, добрата производна пракса и принципите на интегрирано управување со природните рисурси.
    Времетраење на проектот
    Август 2007
    Регион
    Македонија
    Целна група
    Земјоделци, собирачи, преработувачи и советници (мултипликатори)
    Донатор
    Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на РМ
    Вклучени организации
    Антарес - Кочани

    Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

    Get Adobe Flash player


    Како да не најдете
     
      © FACE, All rights reserved