ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

 Повик за практиканти

Фондацијата Агро-центар за едукација (ФАЦЕ) е непрофитна фондација, основана 2006 година. www.face.org.mk

Општата цел на Фондацијата АЦЕ е развој на земјоделството, руралниот развој и развој на образованието во Македонија и регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.

Со цел да помогне во градење на капацитети на млади невработени лица, да се стекнат со вештини кои ќе ги направи конкурентни на пазарот на труд, како и за реализација на своите програмски активности, ФАЦЕ објавува повик за практикант/ка кој ќе биде вклучен/а во реализација на програмски активности од областа на образованието и невладиниот сектор.

Во моментот, Фондацијата сака да ангажира најмногу двајца практиканти, за учество и придонес во реализација на постоечките проекти, како и во креирањето нови, под менторство на вработените во ФАЦЕ.

ДОБРЕДОЈДОВТЕ

 КОИ СМЕ НИЕ?

Фондацијата Агро-центар за едукација е непрофитна фондација, основана во 2006 година во Скопје.

Во рамките на прилагодувањето кон современите потреби на земјоделството, руралниот развој и заштитата на човековата околина, се наметна потребата организација која ќе се занимава со едукација во земјоделството - Фондација Агро-центар за едукација (АЦЕ).

 ПРОГРАМА НА ФОНДАЦИЈАТА

Визија: АЦЕ е синионим за развој на човекови ресурси во земјоделството, производство на храна, заштитата на човековата околина и рурален земјоделски развој во Македонија и регионот.

Мисија: Услугите во образованието на АЦЕ ги задоволуваат потребите на фармерите, специјалистите, раководителите во индустриите, политиката, администрацијата и невладиниот сектор во Македонија и регионот во областа на земјоделството, производството на храна, заштитата на човековата околина и руралниот развој.

 УСЛУГИ

  • Обуки во различни области поврзани со земјоделството, заштитата на човековата околина и руралниот развој, скроени за потребите на целните групи

  • Организирање на конференции, семинари и работилници...

 

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved