ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2011

Архива: 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
“Стари сорти за новите генерации” – 0411
Цел на проектот

Зачувување на биодиверзитетот во областа на традиционалните сорти и популации и нивната биолошка посебност во Република Македонија

Времетраење на проектот
2011
Регион
Македонија
Целна група
Учениците во средните училишта
Краток опис

Проектот е насочен кон:

  • Зголемување на нивото на знаења и сознанија врзани за традиционалните сорти и популации од земјоделски култури;
  • Развивање на практични вештини кај учениците за колекционирање на стари сорти и
  • Формирање на колекции (школска и за ген-банка) и база на податоци на тие колекции.
Донатор
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
“Унапредување на обуките во земјоделството во Македонија” – 0311
Цел на проектот

Подготовка на предлог стратегија за обуки во земјоделството во насока на програмирање на ИПАРД фондовите.

Времетраење на проектот
јануари 2011-мај 2012
Регион
Македонија
Целна група
  • Тело за управување со ИПАРД програмата во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
  • Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (Платежна агенција);
  • Земјоделски образовни институции, факултети, инстути и училишта во рамките на Министерството за образование и наука;
  • Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.
Краток опис

Стратегијата за обуки во земјоделството ќе вклучи и спецификација на неопходните активности и критериуми за набљудување на истите, со цел да помогне во подготовка на предлог-мерка во рамките на ИПАРД програмата. Резултатот од овој проект овозможува понатамошен зголемен капацитет за апсорпција на средствата од ИПАРД помошта преку изградба на силна рамка за поддршка на системот на обуки во земјоделството. Конечно, проектот ќе придонесе и во унапредувањето на професионалните вештини и способности на лицата кои се вклучени во земјоделството, производството на храна, шумарството и други економски активности во руралната сфера.

Донатор
Министерство за економија на Холандија (G2G програма)
Вклучени организации
  • VRIAN projects B.V.
  • Wageningen University Social Sciences Group, Education and Competence Studies (ECS)
  • Van Hall Larenstein (VHL)
  • Aequor
“Легуминозни култури како основа за органско производство во Македонија - Legumac” – 0211
Цел на проектот
Одгледување на легуминозни растенија како основа за органско земјоделство и подобра исхрана на животните
Времетраење на проектот
март 2010-мај 2012
Регион
Македонија
Целна група
Фармери
Краток опис
Проектот има за цел:
  • Да се утврди приносот и квалитетот на луцерка во одредени региони во Македонија;
  • Да се одржи биолошката разновидност преку систем на ротација и плодоред;
  • Да се прилагоди концептот на органско производство со ротација, што ќе овозможи легуминозните култури да бидат покорисни;
  • Да се подготват едноставни шеми за ротација на културите;
  • Да се претворат добиените резултати во нови иницијативи фармерите да се потпрат на обновливи извори на енергија во организиран систем на органско земјоделско производтсво;
  • Да се рашират резултатите преку медиумите, фармерите и заинтересирани граѓани за вредноста на легуминозните култури.
Донатор
Влада на Фландрија
Вклучени организации
Институт за земјоделство и риболовни истражувања (ILVO), Белгија; Агро-Био Институт, Бугарија; Институт за истражување на планинско сточарство и земјоделство, Бугарија
“Мрежа за реформа на наставните програми за рурален развој во Западен Балкан - WBREN” – 0111
Цел на проектот
  1. Да ги развие и подобри способностите на постоечките професионалци во неформалното образование, кои заедно со експерти од ЕУ ќе развијат и на чинителите во руралниот развој ќе им испорачаат прилагодени обуки.
  2. Да се воведе едногодишна програма за специјализација за рурален развој во согласност со ECTS на водечките високообразовни институции во Западен Балкан.
  3. Да се воспостави Центар за рурален развој на водечките високообразовни институции во Западен Балкан за поддршка на програмите за специјализација за рурален развој и активности во неформалното образование
  4. Да ја зголеми регионалната соработка во областа на руралниот развој и ширење на мрежата за рурален развој во Западен Балкан.
Времетраење на проектот
јануари 2010-јануари 2013
Регион
Западен Балкан
Целна група
Даватели на услуги во формалното и неформалното образование
Краток опис
Проектот обрнува внимание на недостигот и потребата за реформа на курикулумите за рурален развој во регионот на Западен Балкан, преку тренинг, развој и имплементација на програми за рурален развој во формалното и неформалното образование.
Донатор
Европска Комисија
Вклучени организации
Универзитет Рeдинг (Велика Британија), Чешки универзитет за земјоделство, Универзитет Вагенинген (Холандија), Универзитет во Хелсинки (Финска), Универзитет за земјоделство во Тирана (Албанија), Универзитет во Корча (Албанија), Универзитет Сингидунум (Србија), Универзитет во Нови Сад (Србија), Универзитет во Сараево (БиХ), Универзитет во Бања Лука (БиХ), Државен универзитет во Тетово, Универзитет Гоце делчев - Штип, Федерација на фармерите во Република Македонија, Земјоделско здружение Моба, Natura Balkanika Nature Society, Институт за демократија и медијација, Албанско Агро-еколошко здружение, Агенција за соработка, едукација и развој, Агенција за регионален развој на херцеговина, Секретаријат на Постојана работна група за рурален развој во југоисточна Европа

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved