ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОГРАМА

Овој документ има за цел да презентира преглед на долгорочните и среднорочните програмски определби, односно на генералната политика и стратегија на Фондацијата Агро-центар за едукација (АЦЕ).
Документот редоследно го прикажува: формирање на АЦЕ и причините за тоа, како и тековните предизвици и оние во наредните години; генералната политика - визијата и местото на АЦЕ; и стратегијата на АЦЕ на среднорочни патеки.
Визија - АЦЕ е синионим за развој на човекови ресурси во земјоделството, производство на храна, заштитата на човековата околина и рурален земјоделски развој во Македонија и регионот.

Поаѓајќи од оваа визија, АЦЕ ја дефинира својата генерална цел, а тоа е: развој на земјоделството во Македонија и  регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.

Поаѓајќи од општата цел, АЦЕ дефинира повеќе задачи:

  1. Да обезбеди еднаков пристап до едукацијата на советодавните служби во земјоделството, земјоделците, менаџерите во индустријата, државните службеници и службениците во локалната самоуправа, претприемачите, , експертите од приватниот и невладиниот сектор, студентите, кадарот на АЦЕ, a посебно, но не исклучиво, од руралните подрачја,
  2. Да гради врски меѓу образованието и истражувањето, со поттикнување на механизми кои се иновативни и апликативни,
  3. Да ги поддржува локалните човекови ресурси во едукацијата и обуките,
  4. Да промовира експанзија на бројот на корисниците,
  5. Да ги користи програмите за едукација на ниво на универзитети и други образовни институции во земјата и странство,
  6. Да ги прилагоди програмите за едукација на потребите на пазарот на трудот, на јавната администрација и на приватниот сектор,
  7. Да мобилизира и стекнува средства, во земјата и странство, за едукативни програми и услуги,
  8. Да помогне во креирање на погодна околина за развој на неформалната и формална едукација во земјоделството, преку застапување и лобирање,
  9. Да креира мрежа на соработка со локални, регионални и меѓународни организации, како и градење на меѓуинституционална соработка и координација.

АЦЕ треба да најде начини и средства да обезбеди прогрес кон определената цел. Колку и да го прави тоа добро, АЦЕ не може сам, без поддршка од други заинтересирани да ја оствари саканата цел. Организацијата треба да се развива во согласност со нејзините можности - држејќи се до правилото да не се обидува да стори премногу со премалку средства и можности. Едноставно, можностите се премали за да ги задоволат потребите. Неопходен е стратешки избор на местата и начинот на интервенција. Фокусирајќи се на одредени проблеми, АЦЕ се стреми да покаже дека решенијата се можни.
За да ги употреби ефективно достапните ресурси, АЦЕ се стреми да направи јасна стратегија за избор на целните групи, на географските подрачја и нивоата на акција; на секторите и темите; на инструментите/методите, како и да изготви јасна стратегија за сопствениот организациски развој.
Документот е формулиран врз основа на развојните потреби, приоритети и можностите во Македонија; врз основа на сопственото искуство, искуството на образовните институции и професионалната литература, како и врз основа на активностите на (меѓу)владини и невладини организации кои се активни во земјата.
Редовно, секоја трета година, АЦЕ повторно ќе ја оценува својата генерална политика и стратегија за да се адаптира на релативно бурниот и не секогаш предвидлив општествен, економски и политички развој во Македонија и во меѓународната средина.

Гордана Попсимонова
Скопје, мај 2006
Претседавач на Одборот на старатели


Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved