ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

Повик за практиканти

Фондацијата Агро-центар за едукација (ФАЦЕ) е непрофитна фондација, основана 2006 година. www.face.org.mk

Општата цел на Фондацијата АЦЕ е развој на земјоделството, руралниот развој и развој на образованието во Македонија и регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.

Со цел да помогне во градење на капацитети на млади невработени лица, да се стекнат со вештини кои ќе ги направи конкурентни на пазарот на труд, како и за реализација на своите програмски активности, ФАЦЕ објавува повик за практикант/ка кој ќе биде вклучен/а во реализација на програмски активности од областа на образованието и невладиниот сектор.

Во моментот, Фондацијата сака да ангажира најмногу двајца практиканти, за учество и придонес во реализација на постоечките проекти, како и во креирањето нови, под менторство на вработените во ФАЦЕ.

Посетете ги следниве страници за да се запознаете со тековните активности на Фондацијата:

Потребни квалификации:

  • да е на додипломски студии кои се во тек (последна година), штотуку завршени или магистерски студии од областа на општествените науки (образование, филозофија, социологија, психологија, економија, право, администрација, лингвистика и сл.) како и други науки (ИКТ, графички дизајн, земјоделските науки и/или туризмот).
  • да има добро познавање на англиски јазик;
  • добро познавање на работа со компјутерски програми, интернет и социјални мрежи,
  • да е запознаен/а со проектното работење.

Задолженија:

  • поддршка при имплементација на проектните и административните активности;
  • развој, дизјанирање и пишување на проекти;
  • комуникација на проектните активности преку интернет (веб страна, социјални медиуми и слично);
  • други задолженија поврзани со работата на Фондацијата.

Документите кои ги докажуваат горните барања (CV на англиски), заедно со мотивациско писмо, да се достават по електронски пат на contact@ace.org.mk најдоцна до 1 април 2017 со назнака: Повик за практикант. Првичната селекција ќе се спроведе врз основа на доставените апликации. Само избраните кандидати во втор круг ќе бидат повикани на интервју. Позицијата предвидува платена пракса со времетраење од три месеци, со можност за продолжување на практикантскиот период или вработување во Фондацијата, по спроведена евалуација на резултатите од практикантската работа.

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved