ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

Работилници "Иновативни земјоделски бизнис модели за урбаните пазари во Македонија"

Во организација на Фондацијата Агро-центар за едукација (АЦЕ) и во соработка со Универзитетот за применети науки Ван Хал Ларенштајн од Холандија (http://www.vanhall-larenstein.com/) на 03 и 04.12.2012 се одржаа две работилници во Скопје и Штип на тема „ Иновативни земјоделски бизнис модели за урбаните пазари во Македонија“

Концептот на урбано земјоделство (Metropolitan agriculture) преку моделите на т.н. “living labs” беше претставен од Dr Ir Rik Eweg - Професор на применети науки и одржливи агробизниси во урбаните области и Dr Ben Rankenberg - Професор за претприемништво и менаџмент на фарма, и двајцата од универзитетот Ван Хал Ларенштајн од Холандија. Модератор на настанот беше м-р. Љупчо Тошев – Извршен директор на Фондацијата АЦЕ.

На 03.12.2012 учесници на работилницата беа професори и студенти на Факултетот за земјоделски науки и храна при Универзитетот „Свети Кирил и Методи“ од Скопје, а попладнето работилницата се одржа пред студентите и професорите од Универзитетот „Гоце Делчев“ на Земјоделскиот факултет во Штип. Беа присутни и други заинтересирани, како на пример и ученици и професори од средното земјоделско училиште од Свети Николе.

На 04.12.2012 се одржа работилница на која учествуваа претставници на  бизнис секторот, образовните институции, надлежните министерства, претставници на локалната самоуправа и  даватели на услуги од областа на земјоделството.  Целта на работилницата беше да Учесниците бидат заедно за да создадат проектна агенда. Тоа ќе биде основата за развој на т.н. „Living lab“. Во living lab-от се предвидува претприемачите, претставниците од владините институции, истражувачите, советниците, професорите и студентите да работат на проекти кои ќе создадат нови бизнис планови кои се совпаѓаат со концептот „Урбано земјоделство“ (Metropolitan Agriculture). Резултатот од оваа работилница е да се развијат проекти во оваа насока.

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved