Генерална цел на проектот е да се промовира искуството за висококвалитетна практична обука, вклучувајќи лица кои преку мобилност ќе се зголеми нивната конкурентност на пазарот на трудот.
Времетраење на проектот
јануари 2011-мај 2012
Регион
Македонија / Холандија
Целна група
Групата на учесници (16) составена од млади фармери со завршено адекватно образование, на возраст помеѓу 18 и 40 години, кои се во потрага по вработување или ново вработени, или пак работат на сопствена фарма или фарма на нивните родители во Македонија
Краток опис
Двонеделна обука во Холандија за 16 млади фармери. Обуката е скроена за две групи на млади фармери кои генерално можат да се поделат на два типа: градинари и сточари.
ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА: За двете групи е предвидена заедничка програма која ќе се фокусира на клучните прашања на модерното земјоделство во Холандија: управување на синџирот на производство, системи на квалитет, сертификација на производство (ГЛОБАЛГАП), следливост во производството, заштита на растенијата, намалување на резидуи и безбедност на храната. Исто така, оваа заедничка програма ќе има и практичен дел на фарма за запознавање и користење на современа механизација, трактори и приклучни машини.
ПРОГРАМА ЗА ГРАДИНАРИ: посебна програма за оваа група со фокус на тридневна практична работа на фарма за јагоди, која има производство преку целата година во стакленици, пластеници и на отворено. Фармата има и сопствено производство на расад покривајќи го целиот синџир од одгледување до маркетинг (директна продажба). Групата на градинари, исто така, ќе посети компанија која произведува повеќе од 200 таканаречени „заборавени зеленчуци“ фокусирајќи се на специфичните (ниш) пазари, како што се специјализирани продавници или врвни ресторани каде што само најдобриот вкус е дозволен.
ПРОГРАМА ЗА СТОЧАРИ: за оваа група ќе има посебна тридневна програма за работа и учење на модерна органска фарма за одгледување на млечни крави од видот Џерси (Jersey) и посета на фабрика за производство на сточна храна. Исто е предвидена и посета на стручно училиште кое се занимава со едукација во делот на сточарството.
Сите учесници ќе имаат и т.н. “ден за екскурзија“ во западниот дел на Холандија каде ќе се запознаат со редица на интересни примери на организираноста на земјоделското производство во Холандија, како на пример: посета на аукција, „светот на доматот“ -Tomato World, производство на стакленици и на саден материјал, како и посета на т.н. Агро-парк.
Донатор
Национална агенцијата за европски образовни програми и мобилност
Европска комисија – Програма за доживотно учење
Секторска Програма Леонардо да Винчи – Мобилност- PLM - (Луѓе на пазарот на трудот)
Вклучени организации
Хорти-мач Холанд
Универзитет за применети науки CAH Dronten Холандија
Техничка помош во имплементација на моделот на „Договорно производство“ преку управување на тим на специјалисти (индивидуални и специјалисти на ФФРМ) ангажирани да вршат проценка на различни модели на договорно производство и олеснување и поддршка во имплементацијата на оние кои се најприкладни.
Времетраење на проектот
мај – октомври 2012
Регион
Македонија
Целна група
8 компании од преработувачката индустрија
Околу 400 земјоделци кои произведуваат суровини за преработувачката индустрија
Краток опис
Поддршката на процесот на имплементација на договорното производство ќе придонесе на јакнењето на конкурентноста на вредносниот синџир на преработувачката индустрија на овошје и зеленчук и нивните производи на локалниот , регионалниот и меѓународниот пазар. Успешното имплементирање на овие активности ќе доведат до реализација на следниве цели:
Стабилно и сигурно обезбедување на доволни количини на суровини (зеленчук и овошје) за преработка во вредносниот синџир.
Поттикнување на долгорочно планирање и силна вертикална интеграција во синџирот
Зголемување на приходот и благосостојбата на земјоделците
Лобирање и поддршка на моделот за договорно производство
Овие активности ќе бидат спроведени преку следниве акции:
Подготовка и идентификување на условите за договорно производство
Мониторинг и давање техничка поддршка во процесот на производство и при склучување на комерцијалните договори помеѓу учесниците
Мониторинг на откупот, исполнување на договорите и оценка на резултатите
“Унапредување на обуките во земјоделството во Македонија” – 0312
Цел на проектот
Подготовка на предлог стратегија за обуки во земјоделството во насока на програмирање на ИПАРД фондовите.
Времетраење на проектот
јануари 2011-мај 2012
Регион
Македонија
Целна група
Тело за управување со ИПАРД програмата во рамките на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.
Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој (Платежна агенција);
Земјоделски образовни институции, факултети, инстути и училишта во рамките на Министерството за образование и наука;
Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството.
Краток опис
Стратегијата за обуки во земјоделството ќе вклучи и спецификација на неопходните активности и критериуми за набљудување на истите, со цел да помогне во подготовка на предлог-мерка во рамките на ИПАРД програмата. Резултатот од овој проект овозможува понатамошен зголемен капацитет за апсорпција на средствата од ИПАРД помошта преку изградба на силна рамка за поддршка на системот на обуки во земјоделството. Конечно, проектот ќе придонесе и во унапредувањето на професионалните вештини и способности на лицата кои се вклучени во земјоделството, производството на храна, шумарството и други економски активности во руралната сфера.
Донатор
Министерство за економија на Холандија (G2G програма)
Вклучени организации
VRIAN projects B.V.
Wageningen University Social Sciences Group, Education and Competence Studies (ECS)
“Легуминозни култури како основа за органско производство во Македонија - Legumac” – 0212
Цел на проектот
Одгледување на легуминозни растенија како основа за органско земјоделство и подобра исхрана на животните
Времетраење на проектот
март 2010-мај 2012
Регион
Македонија
Целна група
Фармери
Краток опис
Проектот има за цел:
Да се утврди приносот и квалитетот на луцерка во одредени региони во Македонија;
Да се одржи биолошката разновидност преку систем на ротација и плодоред;
Да се прилагоди концептот на органско производство со ротација, што ќе овозможи легуминозните култури да бидат покорисни;
Да се подготват едноставни шеми за ротација на културите;
Да се претворат добиените резултати во нови иницијативи фармерите да се потпрат на обновливи извори на енергија во организиран систем на органско земјоделско производтсво;
Да се рашират резултатите преку медиумите, фармерите и заинтересирани граѓани за вредноста на легуминозните култури.
Донатор
Влада на Фландрија
Вклучени организации
Институт за земјоделство и риболовни истражувања (ILVO), Белгија; Агро-Био Институт, Бугарија; Институт за истражување на планинско сточарство и земјоделство, Бугарија
“Мрежа за реформа на наставните програми за рурален развој во Западен Балкан - WBREN” – 0112
Цел на проектот
Да ги развие и подобри способностите на постоечките професионалци во неформалното образование, кои заедно со експерти од ЕУ ќе развијат и на чинителите во руралниот развој ќе им испорачаат прилагодени обуки.
Да се воведе едногодишна програма за специјализација за рурален развој во согласност со ECTS на водечките високообразовни институции во Западен Балкан.
Да се воспостави Центар за рурален развој на водечките високообразовни институции во Западен Балкан за поддршка на програмите за специјализација за рурален развој и активности во неформалното образование
Да ја зголеми регионалната соработка во областа на руралниот развој и ширење на мрежата за рурален развој во Западен Балкан.
Времетраење на проектот
јануари 2010-јануари 2013
Регион
Западен Балкан
Целна група
Даватели на услуги во формалното и неформалното образование
Краток опис
Проектот обрнува внимание на недостигот и потребата за реформа на курикулумите за рурален развој во регионот на Западен Балкан, преку тренинг, развој и имплементација на програми за рурален развој во формалното и неформалното образование.
Донатор
Европска Комисија
Вклучени организации
Универзитет Рeдинг (Велика Британија), Чешки универзитет за земјоделство, Универзитет Вагенинген (Холандија), Универзитет во Хелсинки (Финска), Универзитет за земјоделство во Тирана (Албанија), Универзитет во Корча (Албанија), Универзитет Сингидунум (Србија), Универзитет во Нови Сад (Србија), Универзитет во Сараево (БиХ), Универзитет во Бања Лука (БиХ), Државен универзитет во Тетово, Универзитет Гоце делчев - Штип, Федерација на фармерите во Република Македонија, Земјоделско здружение Моба, Natura Balkanika Nature Society, Институт за демократија и медијација, Албанско Агро-еколошко здружение, Агенција за соработка, едукација и развој, Агенција за регионален развој на херцеговина, Секретаријат на Постојана работна група за рурален развој во југоисточна Европа