Цел на проектот „Агро е-училница“ е да се подобри квалитетот на предавање и примање на знаењето на предавачите во Агро-центарот за едукација.
Времетраење на проектот
Февруари – декември 2007
Регион
Македонија
Целна група
Предавачи, учесници на курсеви и семинари во земјоделството
Краток опис
Поаѓајки од општите цели на АЦЕ како институција, со реализација на овој проект би ги имал следниве задачи:
Да обезбеди еднаков пристап на обучувачите на АЦЕ до современите технологии за образование (употреба на компјутери, интернет пристап и софтвер, мултимедијален пристап на едукативните процеси, современи образовни помагала, итн);
Креирање на соодветна работна околина за предавачите и учесниците на предавањата;
Создавање на мрежа за соработка со други институции од областа на интерес на АЦЕ
Цел на проектот „Обука за претприемништво“ е да се зајакнат капацитетите на советниците во земјоделството, како на младите – почетници, така и на веќе искусните давачи на земјоделски совети
Времетраење на проектот
Февруари – септември 2007
Регион
Македонија
Целна група
Советници во земјоделството
Краток опис
Поаѓајки од општите цели на АЦЕ како институција, со реализација на овој проект би ги имал следниве задачи:
Да се направи издржана програма за обуката поделена во 5 модули;
Спроведување на обуките;
Целата програма е поделена на 5 модули:
Идентификација на клиенти (2 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
Основи на финансии (2 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
Деловно планирање (3 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
Деловно раководење (3 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
Советување на земјоделци (2 дневна обука со 15 учесници и двајца предавачи)
Донатор
СИДА (Шведската агенција за меѓународна соработка)
Обука и изработка на „Прирачник за собирачи на самоникнати растенија според принципите на органско производство “ – 0307
Цел на проектот
Подготовка на прирачник со наслов „ Прирачникот за собирачи на самоникнати култури (диви шумски и други плодови) според стандардите на органско земјоделско производство “ кој ќе биде референтна основа и ќе ги собере сите правни регулативи како и стандарди на едно место за сите собирачи на диви шумски и други плодови, за да не се судираат со проблемот на сертифицирање на овој вид економска активност.
Времетраење на проектот
февруари - јули 2007
Регион
Македонија
Целна група
Земјоделци, собирачи и советници (мултипликатори)
Краток опис
Поаѓајки од општите цели на АЦЕ како институција, со реализација на овој проект би ги имал следниве задачи:
Да подготви коегзистентен текст на оваа тема;
Да го подготви графичка обработка (дизајн) на прирачникот;
Да се направи подготовка за печатење.
Прирачникот ќе се фокусира на следниве подрачја:
Преглед на постојните прописи од областа во Република Македонија
Основни принципи за органско производство-собирање на самоникли видови
Принципи (стандарди) за собирање и ракување со собраниот материјал
Цел на проектот „ Обука за рурален развој “ е да се зајакнат капацитетите на советниците во земјоделството од Агенцијата за поттикнување и развој на земјоделството (АПРЗ) во Македонија во делот на имплементација на програмата за рурален развој на РМ за 2007 година, со посебен осврт на вештините за аплицирање и пополнување на барањата на потенцијалните корисници.
Времетраење на проектот
мај 2007
Регион
Македонија
Целна група
Советници во земјоделството (АПРЗ)
Краток опис
Обуката е предвидена како еднодневна обука која ќе ги обучи учесниците за генералните принципи на програмата за рурален развој, приоритетите и причините за имплементација, финансиската поддршка, временската рамка и критериумите за избор
Практичен дел: пополнување на барањата од страна на учесниците, како вежби кои би им помогнале во практичната имплементација на програмата на терен.
Оваа програма ќе се повтори 4 пати во текот на времетраење на проектот, за да се покријат 100 советници во 4 региони од Македонија.
Донатор
СИДА (Шведската агенција за меѓународна соработка)
„Обуки за собирачи и откупувачи на самоникли ароматични и лековити според принципите на органско производство„– 0507
Цел на проектот
Да се обучат собирачите и преработувачите на ароматични и лековити самоникнати растенија за адекватно применување на принципите и правилата кои важат во оваа област за да се обезбеди задоволување на сите законски одредби, добрата производна пракса и принципите на интегрирано управување со природните рисурси.
Времетраење на проектот
Август 2007
Регион
Македонија
Целна група
Земјоделци, собирачи, преработувачи и советници (мултипликатори)
Донатор
Министерство за Земјоделство, Шумарство и Водостопанство на РМ