Фондацијата Агро-центар за едукација е непрофитна фондација, основана 2006 година.
Визија - АЦЕ е синионим за развој на човекови ресурси во земјоделството, производство на храна, заштитата на човековата околина и рурален земјоделски развој во Македонија и регионот.
Мисија - Услугите во образованието на АЦЕ ги задоволуваат потребите на фармерите, специјалистите, раководителите во индустриите, политиката, администрацијата и невладиниот сектор во Македонија и регионот во областа на земјоделството, производството на храна, заштитата на човековата околина и руралниот развој.
Општата цел на Фондацијата АЦЕ е развој на земјоделството во Македонија и регионот, преку јакнење на човековите ресурси, засновано на неформалната и формалната едукација.
Оваа цел значи дека Фондацијата АЦЕ го јакне влијанието на едукацијата во развојот на оддржливото земјоделство, заштитата на животната средина и руралниот развој, преку имплементација на современи курикулуми во неформалното и формалното образование.
АЦЕ своите активности во едукацијата ги извршува во две главни насоки:
Неформално образование (обуки, курсеви, семинари и слично)
Формално образование (последипломски и докторски студии)