Обуки во различни области поврзани со земјоделството, заштитата на човековата околина и руралниот развој, скроени за потребите на целните групи
Организирање на конференции, семинари и работилници
Планирање и реализација на проекти - Во овие активности е вклучено развивање на проектен план со дефинирање на проектни цели, специфицирање на задачи, потребните ресурси, потребен буџет и временска рамка за извршување на задачите. Исто така, тука е вклучена и имплементацијата на проектниот план, заедно со постојана контрола за да се осигура навремено извршување на планираните активности.
Поддршка на партнерства помеѓу домашни институции и организации, како и помеѓу домашни и странски институции и организации, имајќи ги предвид нашите развиени деловни контакти и бази на податоци (БАФН Мрежа)
Користење на едукативни лабораторија со современа опрема ; (Агро е-училница)
Советување и администрирање на решенија за електронски датабази, користење на интернет и комуникациски технологии, објава и чување на податоци
Подготовка на студии – консултантски услуги
Советување и администрирање на решенија за библиотечен материјал и објава на едукативни, промотивни и научни материјали
Администрирање на последипломските студии на Земјоделскиот Институт во Скопје