“Југо-Источно Европска Развојна Мрежа (SEEDNet) за зачувување Растителните Генетски Ресурси” – 0109
Цел на проектот
Воспоставување на регионална мрежа за соработка во зачувувањето на растителните генетски ресурси.
Времетраење на проектот
Јануари – Декември 2009
Регион
Југо-источна Европа
Целна група
Регионални работни групи за одделни земјоделски култури.
Краток опис
Програмата (SEEDNet) е воспоставена со цел да пружи поддршка на земјите од регионот во нивните напори да ги воспостават и зајакнат националните и регионалните програми за заштита на растителните генетски ресурси, фокусирани на конзервација, искористување, соработка и поврзување помеѓу сите вклучени организации на национално и регионално ниво.
Донатор
СИДА (SIDA), SEEDNet Програма
Вклучени организации
Мрежата се состои од единаесет учеснички: Македонија, Србија, Црна Гора, Косово, Албанија, Република Српска, Федерација Босна и Херцеговина, Хрватска, Словенија, Романија, Бугарија и Молдавија.
(Детална листа)
“Методологија за обука на возрасни за наставници од средните земјоделски училишта ” – 0209
Цел на проектот
Развивање на вештини кај наставниците од средните земјоделски училишта за да можат да испорачуваат ефективни курсеви наменети за земјоделски советници и други целни групи, користејки ги методологиите за обука на возрасни.
Времетраење на проектот
Јануари – Март 2009
Регион
Македонија
Целна група
Наставници од 6 земјоделски училишта во Македонија.
Краток опис
АЦЕ направи проценка на потребите од обука на селектираните Средни училишта и испорача обука за техниките за обука на возрасни. Овие обучувачки активности за нивна надградба се користат за да зајакнат капацитетите на средните училишта во давањето на услуги на обука кон потенцијалните клиенти како што се советници во земјоделството и други возрасни лица.
Донатор
СИДА (SIDA), МААСПрограма
Вклучени организации
Средните земјоделски училишта од Скопје, Прилеп, Битола, Ресен, Тетово и Куманово
“Трибина за недостатоците и перспективите при производството, преработката и извозот на индустриска пиперка во Република Македонија” - 0309
Цел на проектот
Воспоставување и зацврстување на деловните односи помеѓу примарното производство и преработувачите на индустриска пиперка во Македонија.
Времетраење на проектот
Јануари 2009
Регион
Струмица, Македонија
Целна група
Примарниот сектор претставуван од индивидуални земјоделци, фармерски здруженија и преработувачката индустрија од друга страна
Краток опис
Производството на пиперка во Македонија се соочува со бројни потешкотии за кои беше дискутирано на организираната конференција, но исто беа презентирани најновите истражувачки и научни решенија за поефикасно производство на индустриската пиперка како и воспоставување на цврсти деловни релации меѓу примарниот сектор и преработувачката индустрија.
Донатор
УСАИД /АгБиз Програма, СФАРМ
Вклучени организации
Факултетот за земјоделски науки и храна, Земјоделски Институт, ГРМ Интернационал
“Канцеларија за врски помеѓу истражувачкиот и советодавниот сектор во земјоделствтото” – 0409
Цел на проектот
Воспоставување на мрежа и методологија за размена на информации помеѓу истражувачите и советниците.
Времетраење на проектот
Март – Октомври 2009
Регион
Македонија
Целна група
Истражувачи и советници во земјоделството
Краток опис
Формирањето на Канцеларијата за врски е со цел:
Да се воспостави ефективно членство за воспоставување на советодавно - истражувачка мрежа;
Да се подготви Годишна програма за разменување и ширење на информации помеѓу истражувачите и советниците;
Да се дефинираат специфични методологии за тоа како информациите ќе бидат разменувани;
Да се идентификуваат пречките со кои се соочуваат истражувачите и советниците за обезбедување на ефективен проток на информации помеѓу овие две групи;
Да се искористат услугите на АЦЕ и МААСП за надминување на овие пречки.
Донатор
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство
Вклучени организации
Земјоделски институт, Институт за сточарство, МЗШВ, Тера Консалтинг, Агенција за поддршка на развојот на земјоделството, Федерација на фармерите во Република Македонија, МААСПрограма, Сојуз на стопански комори на Македонија
Преку класични селекциони методи да се изврши хомогенизација на квалитетот, приносот и останатите агрономски и економски својства на локалната популација Тетовски грав со цел да се регистрира како сорта која ќе влезе во промет на пазарот во ЕУ.
Времетраење на проектот
Јануари 2009- Декември 2011
Регион
Македонија
Целна група
Производители на тетовски грав
Краток опис
Испорака на консултантски услуги од страна на АЦЕ за потребите на МЗШВ при обезбедување локални експерти кои ќе извршат идентификација на позначајни локални сорти тетовски грав, спроведување полски опити, молекуларна анализа на локални сорти тетовски грав се со цел да се регистрира локалната популација како сорта со што би се обезбедил безбеден пласман на ЕУ пазарот.
Донатор
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија