"Обуки за технологии на производство на бело сирење, кромид, грав и јаболка" - 0214
Цел на проектот
Целта на проектот е реализација на обуки на руралната популација, со што учесниците ќе се стекнат со основните познавања на технологијата на производство на бело сирење, грав, кромид и јаболка вклучувајќи добра земјоделска пракса, проценка на квалитетот на ризик, следење, корективни мерки и водење евиденција.
Времетраење на проектот
април 2014 - декември 2014
Регион
Македонија
Целна група
Младите и жените фармери од руралната средина од Полошкиот и Пелагонискиот регион.
Краток опис
Во соработка со Федерацијата на фармерите на Република Македонија, а во рамките на проектот “Почувствувај го здравиот рурален живот” имплементираше четири дводневни обуки на тема “Tехнологија на производство и спроведување на добра земјоделска пракса за производство на грав, кромид, јаболко и сирење“.
Краток опис на активностите:
• Имплементација на четири дводневни обуки со теоретски дел и практичен дел со цел спроведување на добра земјоделска пракса вклучувајќи ја и безбедната употреба признати и одобрени пестициди при одгледување на одредени култури.
• Препознавање на ризиците од примена на застарени технологии на производство како и примена на препорачана пракса.
• Примена на пред и послебербени практики за одржување на квалитетот на одредените култури
• Воведување на стандарди за хигиена и безбедност на млеко при производство на сирење
• Принципи за правилно следење и упатство за водење дневник за извршени активности и третмани за заштита
• Теренска едукација (посета на фарма и работа на конкретна задача на терен)
Донатор
Европска Комисија (ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија 2007-2013)
АГЕНТ – "Земјоделски обуки за претприемништво" - 0114
Цел на проектот
Целта е да се задоволат главните потреби на учениците за подобрување на можностите за вработување и подобрување на изгледите на нивната идна кариера, да се зголеми нивното чувство за иницијатива и претприемништвото и да се зголеми мотивацијата за учество во идното (формално / неформално) образование или обука, преку мобилност на одреден период (2 недели) во странство.
Времетраење на проектот
Јуни 2014-Мај 2015
Регион
Македонија
Целна група
Ученици од 5 средни земјоделски училишта во Македонија
Краток опис
Од страна на Националната агенција за Европски образовни програми и мобилност, во рамките на Програмата Еразмус + Клучна акција 1 Стручно образование и обука, мобилност на ученици, одобрен е грант под број 2014-1-MK01-KA102-000014 за Проектот АГЕНТ (AGricultural ENtrepreneurship Training) – „Земјоделски обуки за претприемништво“.
Краток опис на активностите:
• Активности пред почетокот на мобилноста ( главно организирани од Националниот ВЕТ конзорциум и координаторот на проектот Фондација АЦЕ). Овие активности вклучуваат: селекција на учениците и придружните лица, подготовка и потпишување на договорите, јазична подготовка, организација на патувањето, подготовка на детална програма за активностите;
• Активности во текот на мобилноста ( главно организирани од организацијата домаќин) кои вклучуваат: имплементација на наставната програма, сместување и храна на учесниците, локален транспорт, културолошки и студиски посети;
• Активности по завршување на мобилноста ( главно организирани од Националниот ВЕТ конзорциум и учениците) кои вклучуваат: извештаи, дисеминација на проектите активности, мониторинг и евалуација на проектот.
Донатор
Европска Комисија ( Еразмус + Програма)
Вклучени организации
Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност