Вовед
Инвалидните лица имаат право на еднаков третман и еднакви можности за вработување, како и сите останати. Генерално, поддршката за подобрување на благосостојбата на овие лица е главно насочена кон развој на политиките за социјална и здравствена заштита – сепак, и покрај бројните активни програми и закони тие остануваат на маргините на општеството. Секојдневно, тие се соочуваат со предизвици поврзани со пристап до образование и вработување. Без овие основни права и можности, инвалидните лица немаат можност да живеат здрав, економски независен и исполнет живот – особено во посиромашните држави коишто не можат да издвојат и алоцираат адекватно финансирање за нивните потреби.
Во Македонија, земјоделството како една од најважните економски гранки, има огромен потенцијал за вклучување на инвалидните лица коj засега останува нереализиран. Земјоделските активности имаат позитивен ефект не само како погодна работна околина, социјално згрижување и терапија, туку и во поглед на стекнување знаења и вештини за вработување и само-вработување.
Цел на проектот
Главната цел на проектот е да се зајакне вработливоста на инвалидните лица во земјоделски компании и да се промовира социјалната инклузија во компаниите кои се заинтересирани за подобрување на нивното економско работење, преку едукативни програми специјално наменети за инвалидните лица и компаниите во трите целни региони (Вардарски, Пелагониски и Полошки), поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество.
Посебни цели
- да се зајакнат капацитетите на инвалидните лица за нивно вработување или самовработување во трите целни региони.
- да се зајакнат капацитетите на земјоделските компании за нивно успешно вклопување во процесот на обука на инвалидните лица, преку т.н пристап на работно менторство.
- да се покренат иницијативи за измени и дополнувања на одредени законски, подзаконски и други акти со цел успешна интеграција на инвалидните лица, преку соработка со релевантните институции.
Времетраење:
Региони:
Пелагониски регион
Полошки регион
Донатор:
Вклучени организации и институции:
Агенција за вработување на РМ
Центар за стручно образование и обуки
Центар за образование на возрасните
ЗАПОВИМ - Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија
Целна група
Целна група за овој проект:
- Инвалидни лица (лица со оштетен вид, слух, пречки во гласот, говорот и јазикот, лесна интелектуална попреченост, или други слични категории) кои се заинтересирани за работа во земјоделскиот сектор.
- Земјоделски компании/претпријатија/фарми членки на ЗАПОВИМ (Стопанска интересна заедница на заштитни друштва на Македонија).
Активности
- Креирање на посебно советодавно тело на проектот составено од членови на вклучените страни (ЗАПОВИМ, МТСП, Агенција за вработување, Центрите за социјална работа, Центарот за стручно образование и обука, Центарот за образование на возрасни и други чинители) кое би се состанувало периодично за да ги следи активностите на проектот и дава насоки за успешно имплементирање.
- Истражување на потребите од обука за целните групи во проектот од различни аспекти на јакнење на капацитетите на тие лица и компании (Технологии на земјоделско производство од сите сектори, преприемачки вештини, ИКТ во земјоделството, социјална инклузија, социјално претприемништво, работно менторство и сл.).
- Подоготовка на програми за кратки курсеви врз основа на потребите кои ќе се индентификуваат со истражувањето.
- Тестирање/пилотирање на сите програми за обука, преку имплементација на самите обуки со фокус на практична работа на инвалидните лица во земјоделска компанија.
- Валидизирање на обуките – преку вклучување на компаниите во евалуација на обуките, како и преку учество на надлежни институции (Центрите за стручно образование и обука и за обука на возрасни, МТСП, Агенцијата за вработување и други).
- Организирање на тркалезна маса за презентација на постигнатите резултати и координација во насока на создавање на програмите за кратки курсеви.
- Организирање на информативни сесии за запознавање на невработените инвалидни лица и компаниите, и поттикнување на нивно учество во проектот.
- Организирање на завршна конференција на којашто ќе се презентираат постигнатите резултати.
- Промоција на активностите и лобирање за проектот преку настани (конференции, тркалезни маси), печатени и електронски медиуми, веб страница на проектот, социјалните мрежи, кратки видео записи за успешни приказни и слично. Лобирањето би се одвивало и преку настани и учество на погоре споменатото советодавно тело.
Најново од АгрИнклузија
Ве покануваме да ги прочитате содржините.