Тркалезна Маса
На 31.10.2018, Фондација Агро-центар за едукација беше домаќин на Тркалезната маса за презентирање на резултатите од истражувањата во рамките на своите проектните активности поддржани од проектот на УСАИД за граѓанско учествo Civic Engagement Project-Macedonia. Со свои презентации учествуваа Фондација Агро-центар за едукација, Избор-Струмица и Асцоијација за истражување, комуникации и развој Паблик, а во понатамошната дискусија учествуваа и засегнати странки од јавниот и бизнис сектор во насока на размена на искуства со вклучување на ранливите категории во пазарот на трудот.