Oбука за конверзија во органско производство
Во рамките на ГринПОП проектот поддржан од Еразмус+ програмата и Агенцијата за европски образовни програми и мобилност, а во соработка со ИМЕ проектот и Федерацијата на фармери на РМ, се одржа пилот обука за конверзија во органско производство.
Овој шестчасовен модул е дизјниран за оние фармери кои имаат потреба од подетални информации за конверзија во органско производство. Учеснички беа членки на Мрежата на жени фармери.