Цел на проектот
Општата цел на проектот ќе биде да се подигне свеста кај возрасните Роми и родители на децата за ризиците и опасностите што ги носат раните бракови кај нивните деца под 16-годишна возраст во однос на нивната маргинализација и социјална исклученост.
Специфична цел 1: зголемување на нивото на вештините на социјалните ментори и членовите на партнерските организации за ромската заедница;
Специфична цел 2: зголемување на нивото на информираност/свест кај возрасните Роми, со помош на соработниците и социјалните ментори вклучени во проектот.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Социјални ментори од ромската заедница, волонтери и соработници на партнерските организации
- Претставници од ромската заедница
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација ФАЦЕ (Македонија)
- Здружение за претприемнички иновации и информатички технологии и комуникација ИНЕТИКА (Шпанија)
- Културен центар Бугарија (Бугарија)
Краток опис
Постигнувањето на општата цел на проектот, создава можности за учење кај граѓаните од ромската заеница, од средините каде функционираат партнерските организации.
Со имплементација на проектот сакаме да го зголемиме нивото на знаење на 16-те социјални ментори за Ромите, јавно говорење и застапување на членовите на партнерските организации, да ја подигнеме свеста кај 400 возрасни од ромската заедница за опасностите и ризиците од раните бракови меѓу децата Роми и да се постигне подобра социјална вклученост на Ромите.
За да ги постигнеме нашите цели, ќе ги спроведеме следните активности:
– избор на 16 социјални ментори (4 ментори/секоја партнерска организација)
– елаборативен курс – поддршка за социјални ментори од ромската заедница
– спроведување на курсот за обука за ментори
– разработка на план за кампања за информирана/свесност
– спроведување на Информативна Кампања за подигање на свеста со вклучување на најмалку 400 возрасни од ромската заедница
– организирање локални настани како и транснационална конференција за дисеминација на резултатите.