Цел на проектот
Целта на проектот е да се намали се поширокиот јаз (хиатус) кој постои помеѓу знаењето кое учениците од средните училишта го стекнуваат во училиштето и нивните техничко-професионални компетенции кои се потребни во работната средина. Со овој проект ќе се овозможи во рамките на училишната настава развивање на методологија на настава која ќе се фокусира на “service design thinking”, кое е конфигурирано како збир на когнитивни, стратешки и практични процеси преку кои се произведуваат производи, проекти или идеи. Преку проектните активности наставниците ќе развиваат иновативни методологии на настава кои ги поддржуваат новонастанатите промени на пазарот на трудот; а учениците ќе развиваат вештини на конструктивно размислување, самоориентација, јакнење на техничките компетенции за да можат да се соочат со предизвиците на пазарот на трудот и вклучување во иновативни работни средини.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Наставници и ученици од средните земјоделски училишта
Партнери
Фондација Агро-центар за едукација ФАЦЕ (Македонија)
Универзитет во Сарагоса УНИЗАР ( Шпанија)
Ентропија - Мрежа на знаења (Италија)
АДИ – Здружение на италијански наставници и училишни менаџери (Италија)
СТЕП - Институт за професионална психологија и претприемништво (Словенија)
Центар за стручно обазование и обука - Инерција Дигитал (Шпанија)
Национална дирекција за образование Одунпазари (Турција)
Краток опис
Дигиталната трасформација, особено поттикната од променетите услови на живеење кои што ги создаде пандемијата на Ковид-19, бара нови форми на учење кои ќе го зајакнат претприемништвото на младите луѓе, критичкото размислување, креативноста и техничките вештини кои се неопходни за едно современо општество од 21-от век. Во таа смисла, сегашното обарзование треба да се прилагоди и преобликува во чекор со новонастанатите промени. Проектот Хиатус ќе делува иновативно, преку фаворизирање на динамичен пристап на настава каде што моделот на “service design thinking” станува значаен дел од методологијата на наставата ориентирана кон новите потреби на пазарот на трудот. Од суштинско значење е зајакнување на вештините на наставникот не само како како клучна компетентност што треба да се пренесе на ученикот, туку како алатка за поврзување на наставата со вклучување во работната средина. За таа цел, ќе бидат идентификувани наставници кои ќе бидат вклучени во дигитална обука за методологијата на “service design thinking” ,а воедно и ученици кои ќе учествуваат во овој експериментален модел.
За да се постигнат целите на проектот, ќе се обработуваат и развиваат три работни пакети:
- Креирање на дигитална платформа и евалуација од страна на партнерите на проектот со претходна направено истражување (квалитативна и квантитативна анализа), идентификација на образовни институции и имплементација на платформата;
- Создавање на дидактички модел на “service design thinking”, кодизајнирање на моделот и алатките заедно со партнерите и наставниците за да се контекстуализира во училишните рамки;
- Спроведување на обука за методологијата на “service design thinking” во одбраните училишни класови, идентификација на хипотетички услуги и производи во согласност со пазарот на трудот и партнерските земји, подготовка на предлог-проект.
Очекуваните резултати, за време и на крајот на проектните активности се: воспоставување на моделот на дизајнирани обуки “Design Service” во кои ќе учествуваат наставници и ученици од секоја партнерска земја (по еден модел во едно од училиштата вклучени во експериментот); одржување и развој на врската меѓу училиштето и бизнисот и јакнење на улогата на наставникот; градење на мрежа на училишта на локално, национално и европско ниво кои ќе го следат влијанието на проектните активности.