Цел на проектот
Проектот FARMS 5.0, официјално наречен „Современи системи за земјоделците во согласност со принципите на одржливо земјоделство 5.0 “ e иницијатива во рамките на Еразмус + КА220 ВЕТ програмата и е образовен проект за споделување знаење дизајниран да го оспособи земјоделскиот сектор со најсовремени технологии и практики усогласени со принципите на Земјоделство 5.0.
Целта на проектот е да создаде програма за стручно образование и обука која ќе ги обучи земјоделците да интегрираат напредни технологии со пристап ориентиран кон човекот и да создадат отпорни, просперитетни и одржливи земјоделски системи кои не само што ги задоволуваат барањата на растечкото население, туку и ја штитат животната средина и ја промовираат благосостојбата на руралните средини.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Земјоделци и потенцијални млади земјоделци
- Обучувачи во стручно образование и обука
- Центри за стручно образование и обука
- Креатори на политики и заинтересирани страни
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација ФАЦЕ (Македонија)
- Центар за советување и обука за земјоделци, непрофитна организација (Полска)
- СТАНДО ЛТД (Кипар)
- Инфинитивити Дизајн Лабс (Франција)
- Универзитет „Аристотел“ во Солун (Грција)
Краток опис
Активностите на FARMS 5.0 вклучуваат изработка на напреден извештај за земјоделство 5.0 преку научно и теренско истражување со 75 интервјуа со засегнати страни; дизајнирање на програма за обука за обучувачи од стручно образование и обука со модуларни практики за обука (90 активности), 30 документарни приказни (DocuNarratives) и платформа за е-учење со микро-акредитации, комбинирана обука за 25 обучувачи од стручно образование и обука, испорака на локализирана обука за 250 учесници и организирање тркалезни маси за применливи препораки за политики.
Проектот FARMS 5.0 ги адресира идентификуваните потреби преку структуирани и стратешки иницијативи:
Ќе биде изработен напреден Извештај за Земјоделство 5.0 со користење научни истражувања (академски трудови, национални извештаи, статистички податоци) и теренско истражување со интервјуа со земјоделци, академици и други засегнати страни. Овие интервјуа ќе ги идентификуваат потребите, предизвиците и можностите во рамките на Земјоделството 5.0 и ќе бидат објавувани како подкасти на дигиталната платформа на проектот.
Врз основа на наодите од извештајот, ќе биде дизајнирана Тренинг-програмата FARMS 5.0 за обучувачи од стручно образование и обука. Таа ќе опфати 90 модуларни практики за обука структурирани во тематски модули за да се овозможи локализирана обука во ВЕТ центрите. Програмата ќе содржи и 30 дигитални документарни наративи кои ќе ги прикажуваат најдобрите практики во Земјоделство 5.0, како и флексибилна платформа за е-учење со микро-акредитации. Курсот е наменет и за маргинализирани групи на ученици и ќе се реализира како самостоен и комбиниран (онлајн + на лице место), а ќе добие и европска акредитација преку EQVET (EUROPASS).

