Цел на проектот
Био-пестицидите се еколошки пријателска алтернатива на традиционалните хемиски пестициди, а нивната употреба може да доведе до поодржливо и органско земјоделство.
Проектот има за цел да ги едуцира и обучи земјоделците и учениците од стручното образование во земјоделскиот сектор за ефективна употреба и примена на био-пестициди, како и придобивките од нивното користење.
Овој проект ќе помогне да се премости јазот помеѓу теоријата и практиката во земјоделската индустрија. Многу програми за стручно образование и обука се фокусираат на теоријата, но овој проект ќе обезбеди практична обука, овозможувајќи им на учениците да стекнат практично искуство и да ги научат вештините потребни за примена на одржливи практики во реалниот свет.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Земјоделци, ученици/практиканти и наставници од средните земјоделски училишта, и други заинтересирани лица од стручното образование во земјоделскиот сектор
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација ФАЦЕ (Македонија)
- WWOOF – Можности за органски фарми низ светот (Шпанија)
Краток опис
Целите на проектот се поврзани со приоритетите што ги избравме на следниов начин:
Одржливо земјоделство: Проектот има за цел да ја промовира употребата на био-пестициди, кои се сметаат за поодржлива и еколошка алтернатива на конвенционалните пестициди, намалувајќи го негативното влијание на земјоделството врз животната средина.
Градење капацитети и образование: Проектот има за цел да обезбеди обука и едукација за ученици и наставници од стручно образование и обука, зголемување на нивните знаења и вештини во областа на користењето на био-пестицидите и поддршка за развој на квалификувана работна сила.
За остварување на овие цели ќе се спроведат низа активности меѓу кои ќе бидат следниве:
- Анализа на образовните потреби – оваа активност ќе ги дијагностицира потребите на оние кои се занимаваат со земјоделска дејност, наставниците од средните земјоделски училишта и учениците преку спроведување на анкети, интервјуа и прашалници кои податоци ќе бидат сумирани во консолидиран извештај.
- Едукативна платформа за обука и програма за курсеви за био-пестициди – Онлајн платформата за био-пестициди ќе го направи стручното образование во земјоделскиот сектор попривлечно нудејќи неколку поволности за учениците, едукаторите како и за работодавачите во областа на земјоделството и управувањето со штетници. Со обезбедување пристап до материјали за обука, студии на случај, истражувачки трудови и извештаи, платформата може да помогне да се подобри разбирањето на придобивките и ограничувањата на био-пестицидите и да се промовира усвојувањето на одржливи практики за управување со штетници.
- Активности за вмрежување и дисеминација – спроведување кампања за промоција и подигање на свеста за користење на био-пестиците.