Цел на проектот
FOOD4ALL има за цел да ја поттикне кулинарската инклузивност и иновативност во партнерските земји (Франција, Шпанија, Грција, Северна Македонија, Турција), поттикнувајќи одржливи практики во прехранбената индустрија и зајакнување на кулинарскиот туризам.
Главната цел на овој проект е да се унапредат вештините на луѓето од прехранбениот сектор (обучувачи од стручно образование и обука, обучувачи во компанијата, кулинарски професионалци како готвачи, келнери итн.) и да се поддржат лицата со посебни диететски ограничувања и преференции да учествуваат во општествениот живот.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Обучувачи од стручно образование и обука, ученици од средно стручно образование, обучувачи во компании, наставници во секторот за храна и пијалоци;
- Кулинарски професионалци како готвачи, келнери
- Академици од институциите поврзани со исхрана и алергии на храна, креатори на политики во прехрамбената индустрија
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација ФАЦЕ (Македонија)
- ИНОТОМИА (Грција)
- ГУВЕРНЕРСТВО НА ИСТАНБУЛ – ГОИ (Турција)
- ХАБИТАТ Платаформа (Шпанија)
Краток опис
Целта на проектот FOOD4ALL е да ги унапреди вештините и знаењата на поединците во прехранбениот сектор, вклучително и ученици од средно стручно образование, даватели на услуги, обучувачи во компании, готвачи, келнери. Ова се постигнува преку специјализирана обука за посебни диететски органичувања, со сеопфатна цел да се придонесе во туризмот со храна, да се промовира инклузивното социјално учество, да се подигне свеста за безбедноста на храната, да се координираат активностите за стандардите за храна, да се обезбеди заштита на здравјето и обезбедување квалитет и усогласување со регулативите на ЕУ.
Проектот FOOD4ALL ќе ги преземе следните активности:
– Подобрување на вештините на обучувачите од стручно образование и обука, учениците од средно стручно образование, обучувачите во компанијата и кулинарски професионалци за ефикасно справување со посебните диететски органичувања;
– Создавање сеопфатни образовни ресурси и ИТ алатки прилагодени за програми за кулинарска обука;
– Развивање на одржлива рамка за интеграција и долгорочно влијание на резултатите од проектот во секторот за кулинарско образование.
Резултатите кои ќе произлезат од проектот се:
– Водич за кулинарска инклузивност: документ за навигација со специјални диети за кулинарна еднаквост и различност
– Лабораторија за кулинарски иновации – практична апликација со специјални диети
– Прирачник за кулинарска интеграција – од училница до кујна
Резултатите ќе им помогнат на целните групи да ги подобрат своите инклузивни кулинарски вештини, да останат ажурирани за иновативните пристапи кон барањата за исхрана и да се усогласат со најновите регулативи на ЕУ за развојот на прехранбениот сектор и кулинарскиот туризам.