ИЗЈАВА ЗА ПРИВАТНОСТ
Заштитата на приватноста е дел од програмската определба на Фондација Агро-центар за едукација (АЦЕ) и зазема клучно место во градењето на работната култура и односите со сите соработници и партнери. Следејќи ги начелата за заштита на личните податоци дефинирани во General Data Protection Regulation (GDPR) и Законот за заштита на личните податоци (Сл.весник на РСМ бр.42/20), Фондација АЦЕ ја разви оваа Изјава за приватност.
Контролор на збирки на лични податоци
Контролор на личните податоци е Фондација Агро-центар за едукација ( во натамошниот текст: Фондација АЦЕ) со седиште на ул. Цицо Поповиќ бр.7-2/14, Скопје, Република Северна Македонија.
Личните податоци се обработуваат во согласност со одредбите од Законот за заштита на лични податоци.
Чии лични податоци обработуваме?
Фондација АЦЕ собира лични податоци од следните категории на субјекти:
- Вработени
- Консултанти и надворешни соработници
- Апликанти за работа
- Учесници на програмски активности
- Посетители на интернет страница
Зашто ги обработуваме Вашите лични податоци?
Вашите лични податоци го обработуваме за исполнување на целите предвидени со:
- Закон (Закон за евиденции од областа на трудот, Закон за работните односи, Закон за исплата на платите, Закон за вршење на сметководствени работи, Закон за вработување и осигурување од невработеност, Закон за облигационите односи, Закон за сметководството на непрофитните организации)
- Договор со Вас како субјект на лични податоци (за вработување, за ангажирање на консултанти и надворешни соработници)
- Ваша слободно дадена согласност (откривање на лични податоци за евиденција на присуство на настан и испраќање на информации на e-mail; фотографирање на настан и користење на фотографиите за промотивни цели; користење на e-mail адреса за испраќање на промотивни содржини, чување на професионална биографија)
Категории на податоци кои се обработуваат
Податоци за навигација
При посетата на нашата интернет страна серверот, за секој посетител се креираат логови со следниве податоци:
- Вашата интернет протокол (IP) адреса;
- Уредот од кој пристапувате, вид и модел;
- Вашиот оперативен систем;
- Видот на пребарувачот, plugins и верзија;
- Страните кои ги посетувате на нашата веб-страна и времето кое го минувате на секоја страна;
- URL на страната која ве префрлила на нашата веб-страна и во некои случаи, термините кои сте ги користеле во обидот да ја најдете страната на Фондација АЦЕ;
- Јазикот на пребарувачот кој го користите;
- Држава (се одредува преку IP адресата).
Серверските логови автоматски се бришат во рок од 15 дена, освен доколку околностите налагаат подолго задржување, на пример, за да се истражи вирус или злонамерен напад.
Самостојно ги одржуваме серверите и сите активности на веб страната ги спроведуваме интерно, вклучувајќи ги логовите кои се креираат и анализирањето на податоците кои се пренесуваат од посетите на нашата веб- страна.
Време на чување на собраните податоци
Податоците кои ги собираме се чуваат во согласност со закон и периодот потребен за постигнување на целта на обработката и се утврдени во (прегледот) со рокови на чување на личните податоци на Фондација АЦЕ.
Заштита и сигурност
Фондација АЦЕ ги превзема сите технички и организациски мерки за обезбедување на највисоко ниво на тајност и заштита при обработката на личните податоци со кои располага, заради спечување неовластен пристап, неовластено откривање или евентуална злоупотреба на истите.
Кои се Вашите права?
Вашите права во однос на обработката на лични податоци се:
- право да бидете информирани за обработката на личните податоци
- право на пристап до личните податоци
- право на исправка и бришење на личните податоци
- право на ограничување на обработката на личните податоци
- право на приговор
За дополнителни информации и/или остварување на Вашите права за заштита на лични податоци, можете да го контактирате нашиот офицер за заштита на лични податоци Наташа Огненоска на следниов e-mail: n.ognenoska@ace.org.mk
Начела за заштита на Вашите лични податоци
Законит, фер и транспарентен начин на обработка на личните податоци
Личните податоци се собираат и обработуваат исклучиво за целите дефинирани во Закон за работни односи, Закон за евиденции во областа на трудот, Закон за данок на личен доход, Закон за пензиско и инвалидско осигурување, Закон за здравственото осигурување, Закон за придонеси од задолжително социјално осигурување, Закон за исплата на платите, Закон за вршење на сметководствени работи, Закон за облигационите односи, Закон за сметководството на непрофитните организации , договори за вработување, договори за ангажирање на консултанти и надворешни соработници, договори со трети страни и согласност на субјектите на лични податоци.
Ограничување на целта на обработката на личните податоци
Личните податоци кои се обработуваат за горенаведените цели не се предмет на натамошна обработка, за цели различни од првично дефинираните, а секоја потреба за нивно натамошно обработување ќе биде предмет на анализа и проценка на влијанието на обработката врз приватноста на субјектите на кои тие лични податоци се однесуваат.
Право на поднесување на барање до Фондација АЦЕ
Ако сметате дека начинот на кој Фондација АЦЕ ги обработува Вашите лични податоци ги повредува одредбите на Законот за заштита на личните податоци, можете да поднесете барање преку нашата веб страна или на било кој начин преку контакт информации објавени во делот за КОНТАКТ.
Промена на политиката за приватност
Политиката за приватност редовно ќе се менува и дополнува соодветно на настанатите промени и нашите активности.