Цел на проектот
Главната цел на проектот СИТРА е да им помогне на земјоделските претприемачите да ги надминат најважните тешкотии во нивните секојдневни активности со идентификување, развој и подобрување на меките вештини, преку развој на систем за обука со цел да се генерираат вештини и способности кои ќе одговорат на барањата на новиот контекст на трудот.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Земјоделски претприемачи
- Мали и средни претпријатија во земјоделскиот сектор
- Компании и организации активни во спроведување на обуки
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација- ФАЦЕ (Македонија)
- I & F образование и развој (Ирска)
- Здружение СЕДА (Полска)
- Општина Болу (Турција)
- Институт за личен развој и развој на претприемништво, обуки и развој на емоционална интелигенција (Шпанија)
Краток опис
Проектот СИТРА има за цел да даде поддршка на поединци во стекнување и развивање на основни вештини и клучни компетенции со цел да се поттикнат вработливоста и личниот развој. Според приоритетите утврдени со програмата Еразмус +, проектот „го поддржува и зајакнува развојот на клучните компетенции за сите поединци во текот на целиот живот. Во светот што брзо се менува, ова вклучува претприемачки ум, критичко размислување и креативност, како и вештини во области како што се социјални компетенции и компетенции за учење ”.
Поконкретно, целите на СИТРА се:
- Идентификување на не-техничките таленти потребни за исполнување на барањата на земјоделското претприемништвото
- Поттикнување на позитивни и трајни ефекти врз вклучените експерти.
- Воспоставување на односи и синергија што ќе овозможи зголемување на свеста на целната група за меки вештини.
- Пренесување на методологии, алатки и добри практики, за развој и консолидација на меки вештини за претприемништво.
- Обновување на сликата за секторите кои во моментов не се идентификувани како поле за развој и имплементација на меки вештини.
- Дистрибуирање на резултатите од овој проект на други заинтересирани институции кои можат да имаат корист од резултатите во проектот.
Проектот СИТРА ќе се обиде да ја подигне свеста кај претприемачите за важноста на меките вештини во процесот на селекција, како за себе, така и за луѓето што ги ангажираат, особено со развој на стратегии кои ги охрабруваат ниско-квалификуваните возрасни лица, да ги подобрат и надградат своите вештини.
За да се постигнат целите на проектот, ќе се развијат, тестираат и дистрибуираат три интелектуални резултати:
- „Алатката за самоевалуација“ (О1) – појдовна точка на проектот, во која ќе се дефинираат 12-те основни меки вештини за претприемачите и ќе се генерира систем за самооценување.
- „Системот за обука – СИТРА“ (О2) – корисна алатка со модули за обука и практичен материјал.
- „Тренингот на тренери“ (О3) – конзорциумот на проектот ќе развие прирачник за обучувачи на меки вештини со крајните корисници. Сите произведени излези ќе бидат слободно достапни за јавноста во рамките и времетраењето на проектот.
Со креирање алатки за обука за подобрување на меките вештини кај земјоделските претприемачи, конзорциумот очекува да ја постигне општата цел на проектот: да ја нагласи важноста на меките вештини во претприемништво и да ја подигне свеста за ефектот на меките вештини врз продуктивноста и опстанокот на компаниите и работните места.