Цел на проектот
Целта на проектот е организирање на консултативна работилница во Македонија и студиската посета во Словенија за воспоставување конзистентни национални пристапи во земјоделско-прехранбениот сектор и како да се усогласат интересите на различните заинтересирани страни. Исто така, ќе придонесе и за размена на искуства и стекнување знаење за развој на силен домашен бренд заснован на високо квалитетни и безбедни свежи производи.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Производители на броилери
Партнери
Македонски Консалтинг Центар – МЦГ (Македонија)
Краток опис
Проектот на ФАО “ Развој на зелен и конкурентен бројлерски подсектор кој има цел да придонесе за намалување на сиромаштијата и подобрена исхрана за населението“ ќе придонесе кон развој на конкурентен и “зелен“ живинарски сектор во кој ќе бидат вклучени малите земјоделски стопанства. Бројерскиот подсектор треба да привлече повеќе чинители од вредносниот синџир и да ги зајакне врските и координацијата помеѓу нив со цел да навлезат на домашниот пазар (во моментов најмногу се служат со увоз) и да имаат поефикасно производство.
Проектот ќе поддржи воспоставување на вертикална и хоризонтална интеграција помеѓу сите засегнати страни од овој сектор. Со цел воспоставување координација помеѓу сите чинители од вредносниот синџир, ФАЦЕ ќе организира консултативна работилница во Македонија на која ќе бидат презентирани резултатите од спроведеното истражување, како и препораки за правните и институционални недостатоци и тесни грла насочени кон овозможување на позитивно бизнис опкружување во секторот.
Со цел да се вклучат знаењата и искуствата на силно и конкурентно броилерско производство и соработка меѓу сите засегнати страни на вредносниот синџир, ФАЦЕ ќе организира и студиска посета во Република Словенија како дел од услугите за градење на капацитетите на организациите од јавниот и приватниот сектор во Македонија.