Цел на проектот
Главната цел на проектот е да се подготви и постави заедничка квалификација за стручно образование и обука за повисоко ниво „Винар специјалист“. Оваа квалификација ќе развие високо квалификувана и мобилна работна сила која ќе ги задоволи потребите на секторските компании и ќе го зајакне квалитетот, релевантноста и привлечноста на стручното образование и обука.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целни групи
Целни групи на овој проект се:
- Mакедонските и Умбриските ученици во стручното образование (со посебен фокус кон младите)
- Kомпаниите во винскиот сектор
Партнери
- Фондациjа Агро-центар за едукациjа - ФАЦЕ (Македониjа)
- Центар за стручно образование и обука - ЦСОО (Македониjа)
- Средно Општинско Училиште „Кочо Рацин“ - Свети Николе (Македониjа)
- Микеи Интернационал - Шато Камник (Македониjа)
- Регион Умбриjа (Италиjа)
- Винарија Лунгароти (Италија)
- Италијанска работничка унија - УИЛ Перуџа Умбрија (Италија)
Краток опис
ЕУ е светски водечки производител на вино, а социо-економската димензија на европскиот вински сектор е многу релевантна. Со големо мнозинство на мали производители и семејна работна сила, во винскиот сектор се вработени над 3 милиони луѓе: околу 20% од работната сила во земјоделството во ЕУ и 10% од вредноста на земјоделското производство. Поддржан од политиката на ЕУ, винскиот сектор ја зголемува својата конкурентност преку зачувувањето на традициите на производство на вино, со што ги зајакнува руралните области и нуди можности за вработување (https://ec.europa.eu/agriculture/wine_en, www.ceev.eu/about-the-eu-wine-sector ).
И покрај важноста на секторот за вино, во многу европски земји и региони недостасуваат можности за стручно образование и обука, преку кои можат да се добијат потребните вештини кои ги бара пазарот на трудот, особено за стручното образование на повисоко ниво. Македонската Национална рамка на квалификации е во фаза на изградба, и сеуште и недостасуваат стандардите за стручно образование и обука во винарскиот сектор. Стандардите на Умбриското стручно образование и обука (Уставот на Италија ги доделува надлежностите во стручното образование и обука на регионално ниво) не вклучуваат квалификации за винскиот сектор, додека во националниот договор за земјоделство на кратко има опишано специфичен профил од ниско ниво. И во регионот Умбрија и во Република Македонија, производството на вино е едно од клучните економски и трудо-интензивни активности, меѓутоа стапките на невработеност во овој сектор се големи.
За да ја зголемат вработливоста кај младите во винскиот сектор, и да развијат висококвалификувана, стручна и мобилна работна сила, партнерите во овој проект базирано на предходни искуства од ЕКВЕТ, ќе го изработат следново:
– Анализа која е фокусирана на професионалното поле на инволвираност во НКР/РРК и какви практики можат да се трансферираат во однос на транспарентноста во стручното образование и обука (СОО).
– Детален квалификациски профил кои треба да ги поседува, со преглед на очекуваните образовни квалитети, вештини и способности.
– Заеднички квалификациски профил, преку меморандум за соработка што ќе гарантира транспарентност, споредба, квалитет и взаемно признавање.
– Заеднички курикулум, со јасна стратегија за обука.
– Дефиниран заеднички водич кој ќе ги содржи специфичните барања кои учесникот треба да ги здобие во текот на образованието со цел да биде успешен.
– Поддршка за ефективна интеграција на заеднички стандарди за националната (НРК) и регионалната (РРК) квалификациона рамка.
Заедничката квалификација за стручно образование и обука „Винар Специјалист“, има потенцијал за намалување на високата невработеност кај младите, недостатокот и неусогласеноста со вештините, како и потребата за вештини на повиско ниво во винскиот сектор во Македонија и Умбрија и да се обезбеди подобро пласирање на стручно образование и обука според потребите на пазарот на трудот.
Прочитајте повеќе на https://winevet.eu/