Цел на проектот
Главната цел на прокетот преставува промоција на високо квалитетни обуки на работно место за лица кои се вклучени во процесите на мобилност, со цел подобрување на нивната вработливост и учество во пазарот на труд.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Координатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Средношколци од четврта година на образование во земјоделски училишта
Партнери
- Хорти-Мач Холандија (Холандија)
- СОУ Димитар Влахов (Македонија)
- СУГС Браќа Миладиновци (Македонија)
- СОУ Цар Самоил (Македонија)
- Апликапропоста ЛДА (Португалија)
- СОУ Кочо Рацин (Македонија)
- Здружение - Американско земјоделско уќилиште за пост средно образование и обука (Грција)
- СОУ Орде Чопела (Македонија)
Краток опис
Претприемништвото е за креативност. Со проектот АГЕНТ, секој студент доби можност да стекне теоретски вовед за претприемништво; да посети успешни компании од областа на земјоделството; учествуваше во некои социјални активности; имаше можност да работи на задачи.
Специфичните цели што ги постигна проектот, за младите учесници, се:
– подобрена прилагодливост;
– зголемена автономија и способност за стекнување стручни вештини;
– зголемено чувство за иницијатива и вештини за претприемништво;
– експериментирање со нови контексти, со цел да се истакне нивната потенцијалност и способност.
Тоа беа, исто така, и очекуваните резултати од мобилноста.
Триесет ученици од 5 земјоделски училишта од Македонија, беа вклучени во мобилноста.
По изборот на учениците и придружните лица, се дефинираа три групи на ученици. Мобилностите се одржаа на различни места во Португалија (главно во градот Брага), Грција (Солун) и Холандија (Бенеком). Учесниците беа поделени во три групи. Секоја група се состоеше од 10 ученици и една придружна личност (наставник / ментор). Секоја група посети различна земја. Мобилностите се реализираа во есента 2014 година и во пролетта 2015 година.
Резултати и влијание:
На крајот на проектот 30 студенти од стручно образование и обука со имаа подобрена прилагодливост, зголемена автономија и можност за стекнување стручни вештини, зголемено чувство за иницијатива и вештини за претприемништво; подготвени за екпериментирање во нови контексти со цел да ги искористат своите потенцијали и способност, поттикнувајќи го учењето.
- За повеќе информации прочитајте на: https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2014-1-MK01-KA102-000014