Услуги

УСЛУГИ KОИ ГИ НУДИ ФОНДАЦИЈА АГРО-ЦЕНТАР ЗА ЕДУКАЦИЈА

Обуки во различни области поврзани со земјоделството, заштитата на човековата околина и руралниот развој, скроени за потребите на целните групи

Организирање на конференции, семинари и работилници

Планирање и реализација на проекти - Во овие активности е вклучено развивање на проектен план со дефинирање на проектни цели, специфицирање на задачи, потребните ресурси, потребен буџет и временска рамка за извршување на задачите. Исто така, тука е вклучена и имплементацијата на проектниот план, заедно со постојана контрола за да се осигура навремено извршување на планираните активности.

Поддршка на партнерства помеѓу домашни институции и организации, како и помеѓу домашни и странски институции и организации, имајќи ги предвид нашите развиени деловни контакти и бази на податоци (БАФН Мрежа)

Подготовка на студии – консултантски услуги