Цел на проектот
Целта на проектот е да им се дадат ефективни алатки на младите жени кои живеат во руралните области да ги преземат своите животи благодарение на специфичната обука за претприемачи за одржлив развој, да се поттикне нивната вработливост и нивниот социо-образовен и личен развој. Преку промоција на зелено размислување, подигање на свеста за одржливост, промовирање на развојот во руралните и / или изолирани области, размена на добри практики, обезбедување експертиза и знаење на жени од рурални области, проектот значително ќе ги промовира образованието и активностите за претприемништво кај младите жени.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Млади жени кои доаѓаат од руралните области
- Младински работници
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација- ФАЦЕ (Македонија)
- Меѓународна Академија за Европски грантови - СРЛ (Италија)
- Независен меѓународен институт за академски истражувачки студии (Англија)
- Граѓанското не-профитно здружение ИАСИС (Грција)
- Асоцијација за иновации, претприемништво и технологии на информации и комуникација – ИННЕТИКА (Шпанија)
- Меѓунродна организација „Ефекто група“ (Литванија)
Краток опис
Целта на проектот е да се подигне свеста на младите жени кои живеат во руралните области и нивните заедници за руралниот развој, да ги инспирира да размислуваат одржливо и да применуваат претприемачко размислување во нивните секојдневни рутини, работа и потфати. Проектот ги промовира личните и меки вештини, како што се креативност, критичко и холистичко размислување и самодоверба, користејќи ИКТ и дигитални вештини. Младите жени страдаат од особено предизвикувачки сет на образовни бариери, поради културни, политички, социјални причини, што ги оставаат надвор од образованието или пазарот на трудот: скоро 14% од младите жени во светот се невработени (УНЕСКО, 2016) и се сметаат на глобално ниво како ранлива категорија млади, имајќи ограничено познавање на нивните граѓански и политички права, вклучувајќи го и капацитетот да ги изразат своите политички и социјални ставови (Интерпејс на Обединетите Нации).
Од друга страна, покажано е од бројни студии и теренски истражувања дека работата со млади жени станува особено ефективна благодарение на социјалната улога што ја играат жени, кога имаат можност и вештини да го сторат тоа, жените го преземаат водството на социјалните промени (Организација на жени на Обединетите Нации).
Затоа, проектот ќе се осврне на клучните компетенции за развој на претприемачки вештини, идентификувани од Европската Унија, како капацитет да дејствува според можностите и идеите и да ги трансформира во вредности за другите, работејќи со млади жени и млади работници. Проектот ќе допре до младите загрозени жени и ќе го стимулира нивното активно учество, притоа преобликувајќи ги локалните заедници преку зајакнување на нивните претприемачки вештини во одржлива рамка, и на тој начин ќе се осврне на нивното социјално вклучување и благосостојба и на нивното учество во демократскиот живот.
Младинските работници ќе бидат обучени за дигитални, претприемачки вештини и вештини за градење на мир и ќе ги претстават добрите практики преку основните проекти и локалните активности за ангажирање.
Специфични цели на проектот:
– обука на обучувачи за инструменти за рурален развој, (социјално) претприемништво, зајакнување на жените и одржливи идеи;
– започнување на локални основни иницијативи за рурален развој водени од млади жени;
– инспирирање на руралните заедници за агроекономски и социјални промени
– споделување на добри практики на рурален развој и зајакнување на жените во земјите на Конзорциумот
– развивање на 3 Интелектуални трудови:
1- Збир на едукативни видеа
2- Виртуелна интерактивна мрежа и платформа
3- Патоказ за експлоатација и упатства за влијание врз политиката
– Зајакнување на партнерството на Конзорциумот преку развој на заеднички настани и активности
Крајни корисници на проектот се млади жени кои живеат во рурални области, додека групите на младите, младинските лидери, обучувачите кои се занимаваат со рурални работи се целна група за активности за обука и тие ќе бидат одговорни за обука на младите жени во рурални области и нивно вклучување во основните иницијативни проекти за рурален развој. Во проектот е превидена една обука на обучувачи (краткорочен настан за обука навработени) проследена со локални активности и поставување на темелни проекти. Ќе се оддржи и една мобилност за млади жени што ќе ги постави темелите на европската мрежа.
Потребата за овој проект да се спрове на меѓународно ниво се разликите меѓу земјите на ЕУ во руралните области; со овој пристап, проектот ќе има корист од различни гледишта, најдобри практики и решенија. Проектот ќе даде силен акцент на меѓународната соработка и ќе ги зајакне врските меѓу вклучените земји на Европската Унија, промовирајќи најдобри практики и соработка за заеднички цели и размена на знаење во областа на младите, особено преку Европската мрежа.