Цел на проектот
- Oбука со пракса во компании на десет ученици од стручно образование од пет земјоделски училишта во Македонија за подобрување на претприемачките вештини во земјоделскиот сектор, преку стажирање во компании во Малта; и
- Oбука на работно место, на десет наставници за стручно образование од пет земјоделски училишта во Македонија и двајца вработени од ФАЦЕ, за био-производство, методи за био-производство и Малтешките закони за био-производство.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Средношколци од средните земјоделски училишта во Македонија
- Наставници од средните земјоделски училишта во Македонија
Партнери
Лексема, Малта
Краток опис
Практикантска работа на учениците од стручно образование и обука во земјоделските компании во Малта, придонесува за подобрување на знаењето за учениците и им овозможува подобро да го разберат на она што го научиле во текот на нивните часови за образование. Од друга страна, обуките за наставниците се континуирани процеси кои ги промовираат совладувањето на нови знаења и развојот на нови вештини, што пак, ќе придонесат во подобрувањето на знаењето кај учениците.
Сите ученици вклучени во овој проект се од училишта за стручно образование и обука и затоа практичната обука претставува клучен елемент на нивниот професионален развој. Практичната обука ќе се одвива во компании кои ќе бидат избрани врз основа на основниот образовен профил на секој ученик. Оваа обука ќе ги задоволи потребите на учениците да го прилагодат она што го научиле во пракса и да развијат професионални вештини засновани на работа во областа на нивното образование, да ги зголемат шансите за вработување, да развијат чувство за иницијатива и претприемништво и да ја зголемат мотивацијата за учество во идно (формално / неформално) образование или обука по периодот на мобилност во странство.
Потребите на наставниците и персоналот за обука на работно место, се да развијат нови и подобри наставни методи и иновативни пристапи за учење во земјоделството, особено во практичната обука на учениците; промовирање на формално препознавање на вештини и компетенции стекнати преку активности за професионален развој во странство и да стекнат современи информации за земјоделството, новите технолошки алатки за био-производство, новите методи за био-производство и можност за развој на европска димензија во училишното образование.