Цел на проектот
Главната цел на проектот е надополнување и подобрување на стручното образование и обука со обезбедување на ефективни курсеви од областа на социјалното претприемништво, за да се зголеми учеството и активирањето на младите невработени лица во оваа област, со што би се намалила инертноста која постои кај оваа група, а со тоа би се намалил и степенот на невработеност.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Лица кои се надвор од работа, образование и обука (NEET) и/или се невработени млади лица;
- Обучувачи и даватели на услуги во стручното образование и обука;
- Јавни институции и останати релевантни чинители.
Партнери
- Институт за развој на претприемништво - ИЕД (Грција)
- МАКРО - Консалтинг за развој на менаџмент (Турција)
- Консалтинг - Премостување кон иднината (Обединетото Кралство)
- Асоцијација ЈУМП (Италија)
- ИСЕМ (Турција)
- Кралски технички колеџ (Шведска)
Краток опис
Проектот СоВЕТ се однесува на развојот на иновативен курикулум за социјално претприемништво како алтернатива за лицата кои се надвор од работа, образование и обука (т.н. лица од NEET) и невработеноста на младите воопшто. Главната цел на проектот е надополнување и подобрување на стручното образование и обука со обезбедување ефективни и ефикасни курсеви од областа на социјално претприемништво, зголемување на учеството и активирање на младите во оваа област, со што би се намалила инертноста која постои кај младите невработени лица, а со тоа би се намалил и степенот на невработеност. За младите кои се без формално образование и кои се надвор од работа и едукација е многу тешко да се најде работа. Сепак, и без формални обуки или искуства на пазарот на трудот, младите имаат компетенции. Глобализацијата, демографските промени, технолошкиот напредок и финансиските кризи создадоа големи предизвици за денешното општество. Луѓето се соочуваат со брзо менување на информации и мора да научат како да се остане во чекор со овие промени и напредокот. Со цел подобро вклопување во новите текови, потребата за прилагодување веќе не е избор. Од витално значење е луѓето да развијат вештини и компетенции од широк спектар на области кои ќе им овозможат адаптирање кон промените и развојот на околината. Неопходно е лицата кои се надвор од работа, образование и обука да се стекнат со потребните знаења, вештини и компетенции од областа на социјалното претприемништво за кое има зголемен интерес кај младите како начин за излез од кризата.
Резултати кои произлегоа од проектот се:
- – Извештај од анализа на потребите: Во секоја земја учесничка на проектот беше направена анализа на потребите за да се утврди фактичката состојба на стручното образование и обука и постоечките обуки од областа на социјално претприемништво.
- – Изготвен курикулум за млади претприемачи преку кој се стекнуваат со знаење и вештини преку стандарди и цели на учење; лекции кои ги учат наставниците; задачи и проекти кои им беа дадени на учениците; книги, материјали, видеа, презентации кои се користеа на обуката; тестови, проценки и други методи со кои се вршеше оценувањето на учениците.
- – Пилотирање на изготвениот курикулум за млади претприемачи на младите лица кои се без формални квалификации и/или без работно искуство.
- – Платформа за Е- учење. Развиена за потребите на проектот, каде младите невработени имаат пристап до он-лајн курсевите.
- За повеќе информации прочитајте на: https://sovet-project.eu/mk/