Цел на проектот
Водење на „Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството“ во процесот на обнова на нивните наставни методи со овозможување на бесплатен онлајн курс „Наставници за земјоделство 4.0“ кој е базиран на мрежен педагошки метод на учење. Овој проект ќе ја интегрира мрежната методологија на учење на успешниот проект Леонардо (Tenegen: http://www.tenegen.eu/) со педагошки иновации на методите кои се насочени кон учениците како што се моделите на “Creative Classroom(CC)” и “Flipped Classroom (FC)”. Околината за учење и наставниот методи кои ќе се применуваат во овој проект се со во согласност со педагошките иновации од рамката ЕТ 2020, која се фокусира на развој на вештините и креативноста во 21 век, како и дигитално претприемништво на студентите.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Наставниците за стручно образование и обука во земјоделството
- Студенти, земјоделци, советници
Партнери
iTStudy Hungary Kft., Унгарија
Фондација Агро Центар за Едукација, Македонија
АГ Футура Технологии, Македонија
GAK Oktató, Kutató és Innovációs Non Profit Közhasznú Kft, Унгарија
CAPDM Limited, Шкотска
Wirelessinfo, Чешка
Краток опис
Во последните 15 години, земјоделството се има фундаментално сменето, и станува сектор на интензивни знаења, во склоп на глобалната економија на 21-иот век. Новите иницијативи, како што се „ ICT4Ag“ (најшироко прифатениот акроним за употребата на Интернет-комуникациски технологии(ИКТ) во земјоделскиот сектор), и „Земјоделство 4.0“, го истакнуваат фактот дека најновите технологии, мобилните и „паметните“ уреди, сензори и мрежи на знаења, сѐ повеќе се употребуваат во подобрувањето на продуктивноста на земјоделските претпријатија.
Проектот е структуриран во неколку Интелектуални аутпути(„IO“) и тоа:
- Изработка на фокусирана анализа на потребите и компаративна студија за да се идентификуваат потребите од обуки, со вклучување наставници од стручното образование и претставници на корисниците – земјоделските компании.
- Развој на стандардна рамка за компетентност за фармерите и лицата кои што користат ИКТ технологии во земјоделството, којашто ќе биде во согласност со ЕУ стандардите како што се „EQF“ и „Е-рамката за компетентност“.
- Изработка на дизајн за курикулум, базиран врз методологијата од партнерите од Обединетото Кралство.
- Развој на содржини за изучување во три модули:
M1 Иновации во земјоделското образование
M2 Европски стратегии и иницијативи за E-земјоделство
M3 Дигитални системи во рамките на „Земјоделство 4.0“
- Развој на онлајн-платформа за соработка и имплементација на компонентите за „Наставници за Земјоделство 4.0“.
- Пилотирање на курсот „Наставници за Земјоделство 4.0“ во Унгарија и Македонија.
- Подобурвање на силабусот и самите компоненти од курсот според повратните информации добиени од учесниците.
- Планирање за валоризација и одржливост.
Практичната употреба на новите знаења и вештини во текот на проектот, ќе се филтрира низ образованието на идните ученици/студенти во земјоделското образовние. За идните ученици, употребата на модерни алатки и ИКТ во изучувањето е далеку поприфатливо. Доколку наставниците се запознаат со можностите и бенефициите од употребата на ИКТ алатки во земјоделството, тие ќе можат да привлечат и мотивираат повеќе млади да учат во ова поле.
Прочитајте повеќе на: http://www.agriteach.hu/mk