Цел на проектот
Целта на проектот е меѓународна синергија помеѓу 7 европски организации со иста потреба - Да им се помогне на обучувачите од стручно образование и обука, да дефинираат одржлив сектор заснован на земјоделство 4.0 преку отворен образовен ресурс за стручно образование и обука
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Обучувачи од стручно образование и обука, земјоделци
- Заинтересирани страни во земјоделската индустрија
- Експерти за технологија вклучени во напредокот на технологијата во однос на земјоделството и роботските системи
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација- ФАЦЕ (Македонија)
- Консултантско биро МЕЦБ (Малта)
- Независен меѓународен институт за академски истражувачки студии (Англија)
- Институт Минутоли (Италија)
- Организација СТАНДО (Кипар)
- Организација АРИД (Полска)
- Училишна група МПИРМПАКОС Д. & СИА О.Е (Грција)
Краток опис
Во 2015 година, Агендата за одржлив развој на ООН за 2030 година се обврза да се стави крај на гладот, да се постигне безбедност на храна и да се подобри исхраната и да се промовира одржливо земјоделство. Амбициозна цел, бидејќи околу 800 милиони луѓе низ светот страдаат од глад и побарувачка. Целта е до 2050 година да се произведува 70% повеќе храна. За жал, реалноста во денешно време е дека учеството на земјоделството во глобалниот БДП се намали на само 3%, интензивирајќи го проблемот со глад и недостиг на храна, бидејќи многу малку иновации и напредок во технологијата се направени во овој сектор за да се овозможи ефикасен, безбеден и еколошки пристап во рамките на земјоделството 4.0. Сите партнерски земји се соочуваат со прашања поврзани со земјоделството, а земјоделците се борат со предизвиците на безбедноста на храната, климатските промени, недостигот на природни ресурси и многу повеќе. И покрај тоа, Заедничката земјоделска политика (ЗЗП) на Европа, направи обид за редизајн и модернизација на секторот во 2013 година, да доведе до промени за зајакнување на позицијата на земјоделците во ланецот на производство на храна, земјоделските операции сè уште функционираат на „традиционален“ начин, без да се следат унапредувањата на земјоделството 4.0.
Ние веруваме дека нашиот проект ПРИЗМ како соработка помеѓу 7 партнерски институции (2 партнери од Полска, и по 1 партнер од Италија, Малта, С. Македонија, Грција и Кипар), ќе придонесе за развој на Отворен ресурс за образование за обучувачи од стручно образование и обука, кој ќе придонесе за задоволување на долгорочните потреби на земјоделците за образование за иновации и модернизација на земјоделството во рамките на земјоделството 4.0.
Имајќи како целни групи обучувачите за стручно образование и обука, земјоделците, заинтересирани страни во земјоделската индустрија, технолошките експерти вклучени во напредувањето во технологија во однос на земјоделството и роботски системи, проектот ги има следниве специфични цели:
- Да се дизајнираат иновативни содржини за обука и методологии кои го промовираат земјоделството 4.0,
- Да се подобри професионалниот развој (знаење, вештини, компетенции) на обучувачите од стручно образование и обука на секој партнер и на други релевантни чинители кои работат во центри за обука и јавни институции,
- Да се дизајнира Отворен образовен ресурс за земјоделство 4.0, кој ќе има за цел да им помогне на обучувачите да ги користат резултатите од проектот во нивната работа. Платформата за е-учење, како дел од Отворениот образовен ресурс, ќе биде специјално развиена за да работи како пакет алатки за обучувачите од стручно образование, нудејќи им можности за одржување на обуки преку Интернет.
За време на проектот, обучувачите од стручно образование и обука се очекува да бидат упатени да ги учат земјоделците преку употреба на Водич за почетници, збирка студии на случај и наставна програма за стручно образование и обука за земјоделство 4.0. Материјалот и содржината, обучувачите ќе ги користат за производство на МОДУЛИ што ќе се користат за обука на земјоделци преку платформата за е-учење, како дел од Отворениот образовен ресурс, во форма на вебинари за земјоделство 4.0.
По завршувањето на проектот, обучувачите од стручно образование и обука ќе имаат стекнато знаење, вештини и компетенции за ефикасно обучување на земјоделците за важноста на земјоделството 4,0 преку редефинирање на одржлив сектор во рамките на земјоделството 4,0.
Земјоделците, од друга страна, ќе имаат можност да се здобијат со знаење за земјоделството 4,0 и најновите технологии и мобилно-базирани алатки што се користат во земјоделството, проширувајќи ги своите можности за редефинирање на одржлив сектор заснован на земјоделството 4,0.