Цел на проектот
Главна цел на проектот е да се промовира, олесни и забрза глобалната транзиција кон одржливо земјоделство и управување со органски отпад со цел да се врати климатската стабилност, да се зголеми биодиверзитетот, да се обнови плодноста на почвата и унапреди производството на здрава храна. Преку проектните активности ќе се демонстрираат повеќекратните придобивки од вермикомпостирањето ( компостирање со дождовни црви) за продуктивноста на почвата и земјоделското земјиште, ќе се развиваат техники за вермикомпостирање без употреба на хемикалии, развивање на техники за ефикасно производство на биоѓубриво, и еколошко управување со органскиот отпад.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Земјоделци, ученици/практиканити и наставници од средните земјоделски училишта, студенти и професори од универзитетите и други заинтересирани лица од стручното образование во земјоделскиот сектор
Партнери
Фондација Агро-центар за едукација ФАЦЕ (Македонија)
Истражувачки центар за кајсии ( Турција)
Натураинова – Центар за храна и земјоделство (Турција)
ИНОПОЛИС – Центар за иновации и култура (Грција)
ИЛА -Меѓународно здржение на трудот (Холандија)
WWOOF – Можности за органски фарми низ светот (Шпанија)
ИНОТОМИЈА - Претпријатие за истажување, иновации и технологија (Грција)
Краток опис
Главната цел на проектот е промовирање на формална и неформална едукација и обука за вермикомпостирање (компостирање со дождовни црви) на индивудуални фармери, ученици и наставници од средните земјоделски училишта, обучувачи и земјоделските семејства (семејства од руралните области). Вредноста и важноста на дождовните црви во земјоделството првпат во писмена форма ја препознал Чарлс Дарвин, кој во 1881 година изјавил „Црвите се помоќни од африканскиот слон и поважни за економијата од кравата“. За да ја разбереме сегашната состојба кај земјите учеснички по однос на вермикомпостирањето, ќе се изврши анализа на најдобрите забележани практики на биокомпостирање и вермикопостирање на органски отпад. Проектот ВЕРМИКОМПОСТИНГ или POWERWORMS ќе се обиде да ја подигне свеста за био-компостирање и обезбедување на вештини и компетенции на целната група за да одговорат на предизвиците од земјоделскиот сектор преку:
- организирање на онлајн обуки (Educational ToolBox courses) за биокомпостирање и вермикомпостирање на органскиот отпад;
- Информирање на креаторите на политики од областа на стручно образование и обука за биокомпостирање и вермикомпостирање на органскиот отпад, давајќи им поттик за вклучување на оваа тема во наставните содржини во рамки на националните наставни програми;
- интегрирање на обуките како образовна алатка во наставните програми на земјоделските училишта и центрите за обука;
- развивање и промовирање на дигитална апликација – софтверска алатка, за поддршка и контрола на биоклиматските оперативни параметри поврзани со процесот на вермикомпостирање ( Open Digital Application Intelligent Software tool);
- спроведување повеќекратни настани за подигнување на свеста на национално и европско ниво давајќи на пошироката јавност кохерентна слика за состојбите со био-компостирање и вермикомпостирање на органскиот отпад за да се подобри перцепцијата за алтернативно земјоделство и неговите придобивки.