Цел на проектот
Главната цел на проектот е да создаде причина за средба помеѓу целните групи и можност да се ослободи нивната креативност, да ги покажат своите компетенции, работата што ја прават, да побараат совети, да ја објаснат својата стратегија, да ги споделат своите соништа, да растат заедно, да учат, да создаваат, да воспоставуваат односи. Важно е да се потенцира релевантноста на проектот со Стратегијата Europe2020 и особено со главните цели и приоритети на Еразмус +, кој има цел да ги зајакне компетенциите на учесниците во проектот, да се бори против невработеноста, да ја зголеми вработливоста, особено кај младите.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Млади луѓе од 18-30 години
- Индивидуални, мали и мали и средни компании,
- Млади претприемачи, хонорарци
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација- ФАЦЕ (Македонија)
- Општина Лусада – (Португалија)
- Екоцентар Алапитвани (Унгарија)
- Здружение Активности (Литванија)
- Центар за рурални советувања и обуки (Латвија)
- Институт за развој на претприемништво (Грција)
Краток опис
Идејата за проектот M.O.T.H.E.R. е добиена од пилот истражување направено од партнерството за социјално претприемништво. При истражувањето за „нови работни места во иднината и стари работни места во опасност од истребување“, се појавија две главни категории: „Хонорарни работници преку Интернет“ (Free Workers Online) и „Mother“ Работници. Од едната страна, оние професионалци, наречени хонорарни работници, работат преку Интернет, притоа користејќи ИКТ и развивајќи компетенции во пишување, уредување, анализа на податоци, графика, веб дизајн и управување, блогирање, правење видео, веб-маркетинг и е-социјално – маркетинг, обуки, аналитичари на социјални медиуми и други. Низ целиот свет има луѓе, млади или возрасни, кои работат и заработуваат пари со многу нови и иновативни компании. Од другата страна ги имаме „Mother“ Работници. „Mother“ Работници се оние кои работат со свои раце и творат.Оваа група опфаќа не само креативни луѓе како уметници или занаетчии, туку и мали земјоделци кои произведуваат масло, вино, џем, мед, сапун, природни крпи, природна козметика и пијалоци, кожни работници, чевлари, но исто така и уште попрактични, дрва, заварувачи, градежници и др.
Проектот своето делување го насочува во приоритет на обуките за претприемништво. Широка тема со веќе постоечка европска рамка и литература, но која има уште повеќе интересна серија на практики и искуства од едукатори и претприемачи кои излегуваат од класичните модели на економија, бизнис и менаџмент. Лица кои воведуваат тотално нови ресурси засновани врз еден од најважните столбови на нашиот проект „креативност“, носејќи социјални иновации и позитивни промени во локалните заедници.
Специфичните цели на проектот се:
- Поддршка на нови млади работници да влезат и да бидат одржливи на светскиот пазар на трудот;
- Зајакнување на стратешките компетенции на младите и меки вештини со зголемување на нивната претприемачка активност и реализација на нови идеи;
- Развивање социјални и дигитални иновации што поврзуваат два и повеќе сектори од реалната рамка за вработување на младите;
- Изработка на социјална платформа каде што „Mother“ Работниците и „Хонорарни работници преку Интернет“ можат да се сретнат и да развијат конкретна соработка;
- Креирање на комплет алатки корисни за младите како нови претприемачи кои можат да учат од дома;
- Развивање на Европска мрежа на креативни и паметни луѓе кои можат да ги зголемат стапките на вработеност во Европа;
- Започнување на долгорочен процес на растење и учење меѓу 6 партнери заинтересирани за проширување на мрежата;
Креирање на меѓугенерациски дијалог и соработка помеѓу се повеќе и помалку искусни млади во областа на претприемништвото.