Цел на проектот
Целта на проектот е обука на 20 ученици од 5 стручни училишта, од земјоделска струка, ветеринарна струка, стука за агро-туризам и струка за производство на храна во Македонија, за воведување на претприемачки вештини користејќи квалитетна пракса во компании. Обуката ќе се примени преку реални работни места, ангажирање во ситуација на работа (на фарма, компанија), студиска тура и посета на училишта и иновативни компании и обука/учење преку работа на 5 наставници за стручно образование и обука од 5 училишта од Македонија за да се зголеми нивната практична примена на знаење преку интерактивни и привлечни активности, кои ќе воведат најдобри практики за да се интегрираат во нивната секојдневна работа.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Ученици од средните земјоделски училишта
- Наставници од средните земјоделски училишта
Краток опис
Европските активности обезбедуваат можности за наставниците и учениците да се развиваат и да размислуваат за учењето и наставата заедно со наставници и ученици од други училишта и организации. Проекти како овој им овозможуваат на наставниците и учениците да работат со партнер училишта и организации во активности за учење.
Преку активности за соработка со училишта од други земји, учениците ќе можат да одат подалеку од учебникот и да истражуваат податоци, знаење и искуство директно и веднаш на терен. На овој начин, учениците развиваат интеркултурно разбирање и стекнуваат нови перспективи за сопственото учење. Овој проект има за цел да ги задоволи потребите на учениците, да го прилагоди наученото во пракса и да ги развие професионалните вештини на учениците засновани на работа во областа на нивните студии. Учениците ќе можат да ги подобрат можностите за кариера и ќе имаат зголемена мотивација за учество во идно (формално / неформално) образование или обука по периодот на мобилноста во странство.
Наставниците имаат потреба да развијат нови и подобри наставни методи и иновативни пристапи кон учењето, особено во практичната обука на учениците; способност за промовирање на формално признавање на вештини и компетенции стекнати преку активности за професионален развој во странство; познавање на ажурирани информации и нови истражувања, како и развој на европска димензија во средното образование.
Овој проект има за цел да ја промовира обуката во повеќе сектори, да ја промовира одржливоста на животната средина, да ја зголеми практичната примена на знаењето преку интерактивни и привлечни активности, кои ќе воведат најдобри практики за да се интегрираат во нивната секојдневна работа, вработувањето, растот и развојот на нови вештини преку искуство во мобилност.
– Очекуваното влијание врз учесниците може да се опише како:
– Влијание на студентите: Зголемено знаење за земјоделството, ветеринарството, агро-туризмот и подготовката на храна, зголемена културна свест, зголемена јазична способност, зголемена самодоверба, подготвеност за понатамошно учество, зголемено разбирање за другите земји во Европа, подобрени комуникациски вештини, работни односи, лични односи, поголема мотивација за завршување на студијата, зголемен интерес за други луѓе, очекувано позитивно влијание врз можностите за кариера и подобрување на стручното знаење, вештини и ставови (компетенции).
– Влијание на наставниците: подобрена ефикасност и зголемени вештини во однос на организирање квалитетна практична обука за учениците, проширени хоризонти со стекнување знаење за други земји и култури, зголемени вештини за проценка, толкување на факти, утвдрување на нови принципи и концепти во нивната област на работа, стекнување на важни вештини за само-развој преку искуство за време на обука базирана на работа.