Цел на проектот
Главната цел на Инкубаторот за Дигитално земјоделство е да создаде простор за вмрежување на професионалци, регионални и национални членови на проектни тимови, вклучувајќи ги и студентите кои имаат идеи, старт-ап бизниси, или хонорарци, за да ги поместат научните резултати во пракса. Oвој проект се стреми да создаде регионален инкубатор кој ги подржува стартните бизнисите од сите области во земјоделскиот сектор, чии технологии водат кон ефикасно управувана, насочена кон околината, и достапна иднина на земјоделството.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Универзитети, Центри за стручно образование во земјоделството
- Земјоделски и ИТ студенти
Партнери
- Фондација Агро-центар за едукација- ФАЦЕ (Македонија)
- Словачки универзитет за земјоделство во Нитра (Словачка)
- Вајарлесинфо (Чешка)
- Универзитет „Сент Истван“ (Унгарија)
- Универзитет Свети Кирил и Методиј – Скопје – УКИМ (Македонија)
- Универзитет „Хасан Приштина“ (Косово)
- Земјоделски универзитет во Тирана (Албанија)
Краток опис
Соработката помеѓу Вишеградските земји и земјите од Западниот Балкан е од огромна важност, со оглед на различните степени на развој на дигиталното земјоделство на регионално ниво. Вишеградските земји се многу добро развиени во оваа област, додека земјите од Западниот Балкан се уште ги преземаат првите чекори. Овој проект има важна улога, бидејќи претставува простор за хоризонтални соработки кои што властите на Вишеградските земји и земјите од Западниот Балкан ги вреднуваат и препознаваат. Студентите и институциите се повеќе го применуваат учењето со споредба, така што колку поголем и поширок е овој простор за споредба, толку е поголема можноста за учење. За целосно искористување на соработката помеѓу В4-ЗБ6, треба да изградиме нови институционални механизми и работни инструменти. Развојот на инкубаторот создава можност за нови форми на работа и интеракција со други студенти, академии, институции и власти.
Инкубаторот за дигитално земјоделство им помогна и на земјоделските и на ИТ студентите да се квалификуваат за дигитална технологија. ИДЗ овозможува на секој студент кој има стартна бизнис идеја, да има пристап до најновите знаења, експертизи и технологии за тестирање и експериментирање со дигитални иновации во земјоделството. Со овој инкубатор на стдентите им беше овозможен пристап до конекции со инвеститори, пристап до фондови, и помош да се поврзат со земјоделци и трговци со дигитални технологии во целиот ланец на вредност во регионот на В4 и ЗБ6.
Накратко, целите на проектот се:
- Да се поттикне иновацијата преку создавање и развој на дигитално земјоделство во земјоделските заедници во Вишградските земји и земјите од Западниот Балкан.
- Да ја олесни комерцијализацијата на дигиталната земјоделска технологија со промовирање и поджрување на стартни земјоделски бизниси водени од млади луѓе во В4 и ЗБ6 регионот.
- Да ги промовира успешните земоделските стартни бизниси со цел земјоделците/потрошувачите да имаат бенефит од новите иновативни маркети, продукти и услуги.
Прочитајте повеќе на https://www.incubator4digitalfarming.org/