Цел на проектот
Целта е да им се овозможи на давателите на образовните услуги од сферата на земјоделството да испорачуваат иновативни програми за обука и курсеви за одржливо (органско) земјоделство со фокус на практичната обука (обука на фарма). Крајната цел е да се креира една оперативна и акредитирана (верификувана) програма за стручно образование и обука врз база на модуларни курсеви за доживотно учење за органското производство во Македонија, имплементирана од обучен кадар.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Координатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Ученици од средните земјоделски училишта (од втора, трета и четврта година) како идни производители, вработени и претприемачи, преку програма за пракса (практична обука) на органска фарма.
- Претприемачи, фармери и вработени за кои ќе се развијат посебни кратки модуларни курсеви на тема органско производство.
Партнери
- Меѓународна фондација за одржлива обука за земјоделство (Холандија)
- Сеопфатен колеџ Акурери (Исланд)
- Институт за земјоделски претприемачи - Неварес (Шпанија)
- Балкан Биосерт (Македонија)
- СУГС “Браќа Миладиновци” (Македонија)
- СОУ “Кочо Рацин” (Македонија)
Краток опис
Пазарот на органските земјоделски производи е еден од најбрзо растечките сегменти на европскиот пазар на земјоделски производи, дури и во време на криза. Заради зголемената свест, заштитата на човековата окoлина и здравјето на европските потрошувачи, овој тренд и натаму продолжува во иднина.
Европската Унија (ЕУ) го промовира органското земјоделство заради неговото веќе признаено учество во заштитата на околината (биодиверзитетот, климата, здравјето на животните, квалитетот на исхрана, итн), како и заради една социјална придобивка, а тоа е руралниот развој. Но, од друга страна, постои недостиг од обуки од сферата на стручното образование и обука во органското производство во многу земји, вклучително и во Македонија.
Овој недостиг е една од клучните пречки во реализацијата на целта од погоре, а со тоа да се овозможи на земјоделските производители да имаат добивка од овој глобален тренд на развој на пазарите на органски производи.
Цели на ГринПОП проектот:
Целта е да им се овозможи на давателите на образовните услуги од сферата на земјоделството да испорачуваат иновативни програми за обука и курсеви за одржливо (органско) земјоделство со фокус на практичната обука (обука на фарма) наменета за две целни групи:
- Ученици од средните земјоделски училишта (од втора, трета и четврта година) како идни производители, вработени и претприемачи, преку програма за пракса (практична обука) на органска фарма, и
- Претприемачи, фармери и вработени за кои ќе се развијат посебни кратки модуларни курсеви на тема органско производство.
За да се овозможи оваа цел, проектот исто така ќе креира курсеви за развој на капацитетите на наставниците/ обучувачите и потенцијалните работни ментори (органски производители) користејќи го иновативниот модел на работно практикантство за обучуваните лица во реална околина (на фарма/фирма).
Крајната цел е да се креира една оперативна и акредитирана (верификувана) програма за стручно образование и обука врз база на модуларни курсеви за доживотно учење за органското производство во Македонија, имплементирана од обучен кадар.
Методологија:
Проектот ќе користи компаративен пристап со учество на секој партнер во проектот, преку тестирање на пристапите за учење и развој на земјоделството базирано на искуствените практики на учење. Исто така, проектот има и еден социјален пристап, користејки инпути од ученици, експерти и други чинители, тестирајки ги компетициите од учењето преку алатки од реалните животни ситуации.
- За повеќе информации прочитајте на http://greenpop.mk/