Цел на проектот
Главната цел на проектот е на пристапот до квалитетно образование за ученици од различно културно потекло, како и нивна зголемена вклученост во општествените процеси. Транснационалната природа на проектот, преку соработка со партнерските училишта, се стреми кон намалување на степенот на разлика во учењето помеѓу студентите, преку воспоставување на стратегии и полиси што промовираат ефективна интеграција и вклучување.
Ова имплицира попристапно изучување преку диференцијација и создавање индивидуални курикулуми што ќе го имаат предвид контекстот и културата, негување на врските со семејствата и постојано преиспитување со цел за постигнување на еднаков бенефит на сите.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Ученици
Партнери
Фондација Агро Центар за Едукација, Македонија
Elisabeth-Selbert-Gesamtschule, Германија
Colegiul National, Романија
Bodrum Mesleki ve Teknik Anadolu Lisesi, Турција
Istituto di Istruzione Superiore ``Basile-D'Aleo``, Италија
Краток опис
Проектот „Еу те вклучува“ е резултат на исцрпни анализи во соработка со партнерските училишта и организации на добри практики во рамките на ЕУ, како и на национално ниво во самите земји членки. Сепак постојат предизвици кои треба да бидат соочени во рамките на инклузивното образование во транснационален контекст на миграција, бегалци и малцинства.
Тој е поддржан од сите правила за креирање политики од страна на ЕУ во однос на малцинствата, миграциите и бегалците – што е важен показател поставен од земјите членки, како платформа за соработка во насока на подобрување на интеграцијата на учениците од различно културно потекло во училиштата. Исто така, тој помага во креирањето на стратегии и политики што ефективно ја промовираат инклузијата.
Проектот ги зема предвид и другите клучни аспекти како раса, пол, социјална загрозеност, етничка припадност, вероисповед, попреченост во учењето, посебни потреби во образовниот процес и менталното здравје. Инклузијата не начин на размислување и култура, која доколку е бескомпромисно, вистински вклучена во образованието, произведува прекрасни резултати.
Целите на проектот се состојат од:
- Подобрување на инклузивниот профил на партнерските организации, стекнување искуство во интернационална соработка и зајакнување на способноста да се произведуваат резултати од висок квалитет.
- Постигнување на стратешка соработка помеѓу операторите во формалното и неформалното/информалното образование, со цел развивање на експериментални алатки за социјална иновација и инклузија.
- Имплементирање на нови начини на нови начини на изучување за учениците во рамките на проектот, благодарејќи на виртуелната мобилност, „ОЕР“ и подобра употреба на информатички алатки.
- Развивање на нови алатки и методи за професионален развој на наставниците и други образовни работници/социјални техничари, за подобро иницијално, и континуирано образование.
Прочитајте повеќе на https://www.europeincludesyou.com/