Цел на проектот
Главната цел на проектот е да овозможи обука за сертификација на професионалци во секторот на руралниот туризам на ниво на Европската Унија, со посебен осврт на „Туристички водич во природа“ и „Туристички менаџер за сместување во земјоделскиот туризам“.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Kоординатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Професионалци, практиканти и лица заинтересирани за работа во секторот на руралниот природен туризам
Партнери
- Фондација Агро Центар за Едукација - ФАЦЕ (Македонија)
- Арис - Кооператива за обуки и истражувања (Италиjа)
- ИТАКА - Кооператива за соработка во општествотот (Италија)
- Колеџ Перотис (Грција)
- БЕСТ - Институт за стручно образование и личен тренинг (Австрија)
Краток опис
Туризмот преставува една од најважните економски гранки во Европа, со особено важна окупациска релевантност. Секоја година, туризмот во природа зазема се поголема важност во рамките на секторот.
Проектот „Европски Природен Систем ЕНС: ЕКВЕТ процес за транспарентно препознавање на резултатите од учење и квалификациите на професионалните чинители во туризмот во природа низ Европа“, кој заврши во 2013 година, дозволи формализација и пилот-тестирање на зајакнувањето во националните и регионалните системи за квалификација на земјите учеснички.
Од тука произлезе и Меморандумот за Разбирање на ниво на Европска Унија, од страна на тимот за создавање алатки на ЕКВЕТ, за квалификации за туризам во природа, воспоставување на Европската кореспонденција за оценка, трансфер и акумулациски процеси на резултатите од учење – постигнати во формален, неформален и информален контекст, за квалификациите за „Туристички водич во природа“ и „Менаџер за сместување во рурален и агро-туризам“.
Новите секторски стандарди за компетенција, произлезени од потребите на пазарот, даваат вистинска можност признавање на резултатите од учење формализирани во Меморандумот за разбирање. Стандардите исто така даваат поддршка на конкретниот развој на ЕКВЕТ процесот активиран од ЕНС, како и на вклучените изучувачи, и други изучувачи во стручното образование. Исто така и во курикулумите за стручно образование и курсеви што се карактеризираат со иновативни пристапи. Тие се базирани на учење со алатки за работа, виртуелна и реална мобилност, отворени образовни ресурси и целосно искористување на потенцијалот на инфомациско-комукациските технологии. За тоа се предвидени се следниве активности:
- – Обнова на анализата на ЕНС во однос на постоечките бројки и профили во системите за стручно образование во земјите учеснички, нивна класификација според „ЕРК“ и обнова на заедничкиот Европски ЕНС професионален периметар опфатен со проектот.
- – Обнова на анализата на ЕНС во однос на искуства и добри практики во однос на транспарентност/признавање на резултатите од учење/квалификации и ЕКВЕТ процесот.
- – Обнова на дизајнот на ЕНС за заеднички стандарди за компетенција и вклучување на нови стандарди, произлезени од потребите на пазарот.
- – Дефинирање и потпишување на ревидиран Меморандум за разбирање, според обновените заеднички стандарди за компетенција.
- – Дизајнирање на заеднички Европски програми во стручното образование (стандарди за обука), што ќе кореспондираат на обновените заеднички стандарди за компетенција.
- – Дизајнирање и организирање на курсеви во стручното образование, за добивање на квалификациите содржани во обновениот Меморандум за разбирање (методи и алатки за изучување, работно и виртуелно изучување, изучување на реални случаи, мобилност во изучувањето.
- – Обнова на заедничките договори за учење во ЕКВЕТ, како и за доделување на ЕКВЕТ кредити со помош на Еуропас сертификат (Europass certificate), што ќе бидат вклучени во самите курсеви.
- – Поддршка на ревидираните стандарди во Меморандумот за разбирање на ЕКВЕТ ЕНС, како и новите стандарди за обука (дизајн на програмите и курсевите за стручно образование и обука) во постоечките рамки за верификување на квалификации.
- Активностите во проектот ќе ја зајакнат подвижноста во засегнатиот сектор, придонесувајќи за појава на општо прифатени стандарди за компетентност и стандарди за обука, со значително влијание врз целните групи на учениците во стручно образование и обука и јавните и приватните секторски одлучувачи, и крајните корисници, за време на и по проектот.
Прочитајте повеќе на http://www.ecvet-ens2.eu/