Цел на проектот
Главната цел на прокетот преставува промоција на високо квалитетни обуки на работно место за лица кои се вклучени во процесите на мобилност, со цел подобрување на нивната вработливост и учество во пазарот на труд - и развивање на вештините на наставниците од стручните училишта што се членки на конзорциумот.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Координатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Средношколци од четврта година на образование во земјоделски училишта
- Наставници од земјоделски училишта
Партнери:
- Апликапорпоста ЛДА (Португалија)
- Културно уметничко здружение „А Рока“ (Италија)
Краток опис
Проектот АППЛЕ има за цел да ја подобри приспособливоста кај младите лица, да ја зголеми на нивната автономност и способност за стекнување професионалнии вештини, да го поттикне чувство на иницијатива и претприемачки способности, да ги поттикне да експериментираат со нови контексти и околности со цел да го реализираат својот потенција, со што ќе ги охрабри во процесот на изучување. Доплнително, проектот имаше за цел да ги развие и вештините на наставниците и партнерите во Конзорциумот, во однос на подобрување на ефектот и ефикасноста на практичниот дел на учениците во партнерските училишта и компании, користејќи ги методите за евалуација и обезбедување на квалитет за обука на учениците.
Во овој проект беа вклучени 20 ученици, како и 5 наставници од 5 земјоделски стручни училишта од Македонија.
ФАЦЕ заедно со партнерите-домаќини подготви специјални програми со секоја партнерска организација. Програмите беа дизајнирани да ги опфатат и теоретскиот и практичниот дел. Во проектот беа предвидени две групи на мобилности. Една од мобилностите се реализираше во Португалија (во близина на Брага) за првата група, додека другата мобилност за втората група зема место во Сицилија, Италија (во близина на Барселона Поцо ди Гото). Мобилностите се реализираа во првата половина на 2017 година.
Резултати и влијание:
– 20 студенти на стручно образование и обука со подобрена прилагодливост, зголемена автономија и можност за стекнување професионални вештини, зголемено чувство за иницијатива и вештини за претприемништво;
– 6 наставници / персонал од училишните партнери со подобрени вештини и компетенции во однос на практичниот дел на учениците во партнерските училишта и компании, користејќи ги методите за проценка и обезбедување на квалитет, стекнати преку обука на учениците.
Подолгорочни придобивки: Зголемувањето на бројот на реализирани мбилности придонесува за промовирање и одржување на разбирањето и почитувањето помеѓу граѓаните на ЕУ и ќе придонесе во подоцнежна фаза за поголема подвижност на работниците на европско ниво.
- За повеќе информации прочитајте на: https://ec.europa.eu/programmes/erasmus-plus/projects/eplus-project-details/#project/2016-1-MK01-KA102-021492