Цел на проектот
Главната цел на проектот е воспоставување на платформа за соработка помеѓу клучните засегнати страни во земјоделско-прехрамбениот сектор во Вишеградските земји и земјите од Западен Балкан - со цел за градење на темелите за усвојување на информатичко-комуникациските технологии за поддршката на земјоделството во Западен Балкан, базирана врз добрите пракси од Вишеградските земји.
Искористувањето на регионалното искуство во областа на информатичко-комуникациските технологии за поддршка на земјоделството, дозволува побрза синхронизација на земјоделско-прехрамбената индустрија помеѓу партнерските земји - што резултира со поголем економски развој во регионот.
Времетраење:
Регион:
Донатор:
Координатор на проектот:
Целна група
Целна група за овој проект:
- Агенции за поддршка во земјоделството
- Земјоделски Организации
- Земјоделски експерти
Партнери
- Програма за поддршка на руралното здружение - РАСП (Албанија)
- Вајарлесинфо (Чешка)
- АгроИнститут Нитра (Словачка)
- Кискунсаги - непрофитна организација за заштита на природата (Унгарија)
- Иносенс (Република Србија)
Краток опис
Поддршката во земјоделството е еден од клучните елементи за развојот на земјоделските сектори на земјите-учеснички во проектот. Информатичко-Комуникациските Технологии (ИКТ) играат важна улога во подигнување на нивото на подготвеност на националната поддршка во земјоделството да се справи со модерните предизвици во земјоделството.
Земјите од Западен Балкан, имаат ограничена имплементација на ИКТ во обезбедување на услуги за поддршка во земјоделството. Постоечкото искуство на Вишеградските земји во употребата на ИКТ за поддршка во земјоделството, е важно средство за забрзување на процесот на усвојување на овие технологии во поддршката на земјоделството во земјите на Западен Балкан. Ова претставува суштествен елемент за соработка помеѓу Вишеградските земји и земјите од Западен Балкан. Соработката може да придонесе за синхронизација на земјоделските сектори на земјите и развој на веќе постоечката соработка во прехрамбено-земјоделскиот сектор.
Соработката помеѓу овие две групи земји во областа на ИКТ во поддршка на земјоделството е од огромно значење, знаејќи ја предноста на Вишеградските земји во рамките на проблематиката. Оваа предност преставува вредно средство за земјите од Западен Балкан за побрз и поефективен напредок во имплементацијата на ИКТ во земјоделството.
Понатаму, синхронизацијата на нивото на развој во овие две групи земји, на долг рок, ќе има значајно влијание на нивото на хармонизација на земјоделските сектори и економската соработка на двете групи на земји. Локалниот и националниот пристап не овозможуваат правилна хармонизација на моделот за поддршка во земјоделството, што е важен предуслов за раст на економската соработка во областа на земјоделско-прехрамбените индустрии на двете групи на земји.
Резултати од проектот:
– Трансфер на знаење и искуство во користењето на ИКТ во земјоделството
Пренесувањето на веќе постоечко знаење и искуство во користењето на ИКТ во земјоделството во Вишеградските земји овозможи побрзо и ефикасно усвојување на овие технологии во земјите од Западниот Балкан.
– Прибирање на искуство од Вишеградските земји во користењето на ИКТ во земјоделството и разбирање на однесувањето на земјоделецот во земјите од Западниот Балкан
Со среќавањето на вредното искуство во користењето на ИКТ во земјоделството во Вишеградските земји, со добро разбирање на однесувањето на земјоделецот во земјите од Западниот Балкан, се овозможи создавање на фондација за прилагоден модел за усвојување на овие технологии во Западниот Балкан.
– Бела книга објавена до клучните засегнати страни во системот на земјоделството во Вишеградските земји и земјите од Западен Балкан
Белата книга се состои од заклучоци од завршниот настан во проектот, и има за цел да ги води сите заинтересирани страни (влади, земјоделци, ИКТ компании, организации на земјоделци) за ефикасно вклопување во процесот на спроведување на ИКТ во земјоделството во земјите од Западниот Балкан.
Искуството од Вишеградските земји за ИКТ во земјоделството значително придонесе за избегнување на непотребни застои во процесот на усвојување на ИКТ земјоделството во земјите од Западниот Балкан. Овој процес бараше разбирање на потребите на земјоделците, нивна подготвеност да ги прифатат ИКТ и капацитет на земјоделството за усвојување на ИКТ. Спроведувањето на потребите на тековните земјоделци во земјите од Западен Балкан и знаењето во областа на ИКТ во земјоделството од Вишеградските земји,ги обезбеди темелите за прилагоден пристап за спроведување на ИКТ во земјите од Западен Балкан. Поконкретно, резултатите од проектот придонесоа за поефикасно вклучување на земјите од Западен Балкан во Интегриран систем за администрација и контрола и компатибилен систем на совети за земјоделство, што имаше значително влијание врз процесот на усогласување на земјите од Западен Балкан со Заедничката политика за земјоделство на ЕУ.
За повеќе информации прочитајте на http://aewb-ict.net/