Визија и Мисија

Ние сме Фондација Агро-центар за Едукација

Фондацијата Агро-центар за едукација – ФАЦЕ е непрофитна организација формирана во 2006 како центар за инзвонредност и развој на човечките ресурси во областа на земјоделството, производството на храна, заштита на животната средина и руралниот развој во Македонија и регионот. Образовните услуги на ФАЦЕ ги задоволуваат потребите на фармерите, експертите, индустриските менаџери, креаторите на политики, јавните службеници, наставниците и студентите на средните стручни училишта и универзитетите, како и НВО секторот во Македонија, од областа на земјоделството, производството на храна, заштитата на животнат средина и руралниот развој. Главната идеа беше да се развие организација што ќе го пополни образовниот јаз помеѓу формалното и неформаното образование, во полето на земјоделството и руралниот развој во Македонија.

  • Неформално образование (обуки, курсеви, семинари и слично)
  • Формално образование (проширување и надградување на курикулумите во формалното образование во областа на земјоделството)
cooperation
ace-kid

Нашата Визија

Создавање општество во кое образованието е движечка сила за позитивни промени за сите, особено оние што се вклучени во земјоделството и руралниот развој.

Нашата Мисија

Како непрофитна организација, ФАЦЕ го зајакнува влијанието на неформалното образование и доживотното учење во Македонија и регионот, во насока на одржлив земјоделски и рурален развој – како и подобрена вработливост. ФАЦЕ го постигнува ова преку развој и имплементација на модерни програми, курикулуми и модели за учење базирани на практична работа.

By continuing to use the site, you agree to the use of cookies. more information

The cookie settings on this website are set to "allow cookies" to give you the best browsing experience possible. If you continue to use this website without changing your cookie settings or you click "Accept" below then you are consenting to this.

Close