Прв состанок
На 28.03.2018 во просториите на ЗАПОВИМ – Скопје, се одржа првиот состанок на Советодавното тело на проектот „АгрИнклузија“, поддржан од проектот на УСАИД за граѓанско учество, чија цел е да се зајакне вработливоста на инвалидните лица во земјоделски компании и да се промовира социјалната инклузија во компаниите кои се заинтересирани за подобрување на нивното економско работење, преку едукативни програми специјално наменети за инвалидните лица и компаниите.
Во текот на состанокот, учесниците коишто доаѓаат од релеватните јавни институции и организации, ги споделија своите досегашни искуства и состојбата и беа донесени заклучоци во насока на успешна имплементација на активностите од проектот.