ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2013

Архива: 2017, 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
"Почуствувај го здравиот рурален живот" - 0313
Цел на проектот

Општата цел е проценка на потребите за обуки за да се идентификува потребата на руралното население за обуки кои ефикасно ќе го  подобрат нивното знаење за новите технологии и практики во земјоделското производство со акцент на зачувување на животната средина, маркетинг и брендирање на производите, развој на руралниот туризам и друго.

Времетраење на проектот
Ноември 2013 – Февруари 2014
Регион
Македонија и Албанија
Целна група

Фармери од 2 региона во Македонија (Полог и Пелагонија) и 2 региони од Албанија (Дибра и Елбасан)

Краток опис

Во насока на исполнување на основната мисија, Федерацијата на фармерите на РМ во партнерство со Албанскиот Земјоделски Совет спроведува проектот насловен како „Почувствувај го здравиот рурален живот“ кој е финансиран од ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија 2007-2013. Целта на проектот е да се подобри економската состојба на руралното население во пограничните региони (Полог, Пелагонија, Елбасан и Дибра) преку нивна меѓусебна соработка, воспоставување на тренинг центар во с. Вруток, Гостивар, едукација за рурален развој, промоција на традиционалната храна и руралниот туризам. Придобивките од проектот се од особена корист за локалното население во пограничните региони, особено младите и жените фармери, но исто така и за сите граѓани, институции и организации кои работат за развој на земјоделството и руралниот развој.

Краток опис на активностите:
•             Анализа на постоечките документи за истражувања на потребите од обуки за руралното население кои треба да ја подобрат социо-економска состојба на населението во руралните средини;
•             Истражување за потребите на локалното население за обуки  кои треба да ја подобрат социо-економска состојба на населени во руралните средини;
•             Да се развијат 10 модули со времетраење од два дена вклучувајќи теми од областа на руралниот развој, новите технологии и практики во земјоделството, маркетинг и брендирање на производите, рурален туризам и друго зависно од потребите на населението, вклучувајќи и предлог пристап за ефикасна реализација на обуките согласно целната група во проектот.

Донатор

Европска Комисија (ИПА-програмата на ЕУ за прекугранична соработка со Република Албанија 2007-2013)

Вклучени организации

Федерација на Фармери на РМ и Албанскиот Земјоделски Совет.

"Мрежа за реформа на наставните програми за рурален развој во Западен Балкан" - WBREN - 0213
Цел на проектот

Цел на проектот
1. Да ги развие и подобри способностите на постоечките професионалци во неформалното образование, кои заедно со експерти од ЕУ ќе развијат и на чинителите во руралниот развој ќе им испорачаат прилагодени обуки.
2. Да се воведе едногодишна програма за специјализација за рурален развој во согласност со ЕКТС на водечките високообразовни институции во Западен Балкан.
3. Да се воспостави Центар за рурален развој на водечките високообразовни институции во Западен Балкан за поддршка на програмите за специјализација за рурален развој и активности во неформалното образование
4. Да ја зголеми регионалната соработка во областа на руралниот развој и ширење на мрежата за рурален развој во Западен Балкан.

Времетраење на проектот
јануари 2010-април 2013
Регион
Западен Балкан
Целна група
Даватели на услуги во формалното и неформалното образование
Краток опис

Проектот обрнува внимание на недостигот и потребата за реформа на курикулумите за рурален развој во регионот на Западен Балкан, преку тренинг, развој и имплементација на програми за рурален развој во формалното и неформалното образование.

Донатор
Европска Комисија (Темпус Програма)
Вклучени организации

Универзитет Рeдинг (Велика Британија), Чешки Универзитет за земјоделство, Универзитет Вагенинген (Холандија), Универзитет во Хелсинки (Финска), Универзитет за земјоделство во Тирана (Албанија), Универзитет во Корча (Албанија), Универзитет Сингидунум (Србија), Универзитет во Нови Сад (Србија), Универзитет во Сараево (БиХ), Универзитет во Бања Лука (БиХ), Државен универзитет во Тетово, Универзитет Гоце Делчев - Штип, Федерација на фармерите во Република Македонија, Земјоделско здружение Моба, Natura Balkanika Nature Society, Институт за демократија и медијација, Албанско Агро-еколошко здружение, Агенција за соработка, едукација и развој, Агенција за регионален развој на Херцеговина, Секретаријат на Постојана работна група за рурален развој во Југоисточна Европа

"Договорно производство" - 0313
Цел на проектот

Цел на проектот:
Главната цел на компонентата на вредносниот синџир за преработки од зеленчук е да се работи со заинтересираните страни од овој синџир за зголемување на приходите на сите учесници во поддржаните вредносни синџири, почнувајќи од врвот кон базата, со помош на широк пристап кој ги вклучува земјоделците, откупувачите, добавувачите, трговците и сопствениците на објекти за ладење и пакување, преработувачите, и извозниците.

Времетраење на проектот
Април 2013
Регион
Македонија
Целна група
Oколу 200 фармери или по околу 40 за секоја од доле наведените компании, кои ќе бидат селектирани како добавувачи на зеленчук (црвена пиперка, и други култури) на компаниите: Випро – Гевгелија, Дентина – Струмица, Вори – Гевгелија, Универзал промет – Кочани, Грин Продукт – Тетово.
Краток опис

Договорното производство може да се дефинира како земјоделско производство водено според договорот помеѓу купувачот и фармерот, односно производителот, преку кој се воспоставуваат одредени услови за производство и продажба на одреден производ или производи . Најчесто, фармерот се сложува да произведе и предаде одредени договорени количини од одреден специфичен производ. Притоа, фармерот треба при производството да задоволи одредени стандарди на квалитет кои ги дефинира набавувачот и да го запази времето на испорака на производот побарано од нарачателот. За возврат, купувачот се обврзува да го откупи производот, а во некои случаи и да го поддржи производството на фармерот. Тоа може да го стори, на пример, преку набавка на репроматеријали за производство, преку подготовка на земјиштето каде ќе се одгледува културата или преку давање на техничка поддршка (совети) во процесот на производство.

Активности:
• Техничка помош на фармерите (Една средба месечно со секој од нив) за подобрување на земјоделската пракса и утврдување на оптималната цена, како и собирање, обработка и анализа на податоци поврзани со трошоци за производство;
• Директни контакти со компанијата/компаниите (една средба месечно со секоја од компаниите) и размена на информации помеѓу нив и фармерите со кои тие имаат договори;
• Поддршка на 5 производните специјалисти во обезбедувањето на сите потребни обрасци и алатки и обука на земјоделците правилно да ги внесуваат сите производствени трошоци;

Донатор
АгБиз – УСАИД
Вклучени организации
  • МЦГ
  • Федерација на фармерите на Република Македонија

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved