ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2016

Архива:2017, 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
Проект АППЛЕ (Земјоделска пракса и практично учење во Европа) - 0116
Цел на проектот

Целта на овој проект е да се обучат 20 ученици и 6 наставници од 5 земјоделски училишта од  Македонија за унапредување на праксата на учениците и воведување на претприемачки вештини во земјоделскиот сектор. Активноста ќе се реализира преку обука, ставање во работна ситуација (практикантство на фарма, компанија), како и преку студиски престој и посета на иновативни компании во 2 ЕУ земји (Португалија и Италија). Целта е да се задоволат главните потреби на учениците за подобрување на можностите за вработување и подобрување на изгледите на нивната идна кариера, да се зголеми нивното чувство за иницијатива и претприемништвото и да се зголеми мотивацијата за учество во идното (формално / неформално) образование или обука, преку мобилност на одреден период (2 недели) во странство.

Времетраење на проектот
јуни 2016 – мај 2017
Регион
Македонија
Целна група
  1. 20 ученици од пет средните земјоделски училишта (од трета и четврта година) во Македонија;
  2. 6 наставници од средните земјоделски училишта во Македонија.
Краток опис
  • Активности пред почетокот на мобилноста ( главно организирани од Националниот ВЕТ конзорциум и координаторот на проектот Фондација АЦЕ). Овие активности вклучуваат: селекција на учениците и придружните лица, подготовка и потпишување на договорите, јазична подготовка, организација на патувањето, подготовка на детална програма за активностите;
  • Активности во текот на мобилноста ( главно организирани од организацијата домаќин) кои вклучуваат: имплементација на наставната програма, сместување и храна на учесниците, локален транспорт, културолошки и студиски посети;
  • Активности по завршување на мобилноста ( главно организирани од Националниот ВЕТ конзорциум и учениците) кои вклучуваат: извештаи, дисеминација на проектите активности, мониторинг и евалуација на проектот.
Донатор
Европска Комисија (Еразмус + Програма)
Вклучени организации
Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност
Проект Со-ВЕТ – “Социјално претприемништво како алтернатива за млади невработени лица“ – 0216
Цел на проектот
Главната цел на проектот е надополнување и подобрување на стручното образование и обука со обезбедување ефективни и ефикасни курсеви од областа на социјално претприемништво, зголемување на учеството и активирање на младите во оваа област, со што би се намалила инертноста која постои кај младите невработени лица, а со тоа би се намалил и степенот на невработеност.
Времетраење на проектот
Септември 2016 – Август 2018
Регион
Македонија
Целна група
  1. Лица кои се надвор од работа, образование и обука (NEET) и/или се невработени млади лица;
  2. Обучувачи и даватели на услуги во стручното образование и обука;
  3. Јавни институции и останати релевантни чинители.
Краток опис

Проектот цели кон неколку главни резултати и  активности, фокусирани на клучни акции кои се неопходни за да се овозможи квалитативно и ефикасно исполнување на целите на проектот. Главни резултати и активности кои ќе бидат имплементирани се следниве:

  • Анализа на потребите: Ќе биде направена анализа на потребите за да се утврди фактичката состојба на социјалното претприемништво во стручното образование и обука, како и да се утврдат потребите на лицата кои се надвор од работа, образованието и обуката (т.н. лица од NEET);
  • Изготвен курикулум за лицата кои се надвор од работа, образование и обука (т.н. NEET) со кој ќе се идентификуваат и подобрат нивните претприемнички вештини преку стручното образование и обука;
  • Водич за интеграција на курикулумот во постоечките национални програми за стручно образование и обука: Овој водич вклучува преглед на целокупните проектни активности, резултатите од искуствата при тестирањето, како и сет од препораки за успешно спроведување на програмата во реална средина;
  • Платформа за е-учење - со која ќе се овозможи пристап до он-лајн курсеви за обучувачите од стручното образование и обука.
Донатор
Европска Комисија ( Еразмус + Програма)
Вклучени организации
Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved