ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 

Поддржано од:

 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПРОЕКТИ 2015

Архива:2017, 2016, 2015, 2014, 2013, 2012, 2011, 2010, 2009, 2008, 2007, 2006
ГринПОП – "Зелена Програма за Органско Производство" - 0115
Цел на проектот

Целта е да им се овозможи на давателите на образовните услуги од сферата на земјоделството да испорачуваат иновативни програми за обука и курсеви за одржливо (органско) земјоделство со фокус на практичната обука (обука на фарма). Крајната цел е да се креира една оперативна и акредитирана (верификувана) програма за стручно образование и обука врз база на модуларни курсеви за доживотно учење за органското производство во Македонија, имплементирана од обучен кадар.

http://greenpop.mk/

Времетраење на проектот
септември 2014 – септември 2017
Регион
Македонија
Целна група
  1. Ученици од средните земјоделски училишта (од втора, трета и четврта година) како идни производители, вработени и претприемачи, преку програма за пракса (практична обука) на органска фарма, и
  2. Претприемачи, фармери и вработени за кои ќе се развијат посебни кратки модуларни курсеви на тема органско производство.
Краток опис

Проектот GreenPOP (Green Program for Organic Production)- “Зелена Програма за Органско Производство“ е финансиран од ЕУ Програмата Еразмус плус на Националната агенција за европски образовни програми и мобилност на република Македонија, во рамките на Клучна акција 2 – Стратешки Партнерства, под број 2014-MK01-KA202-000280.

  • Проектот ќе користи компаративен пристап со учество на секој партнер во проектот, преку тестирање на пристапите за учење и развој на земјоделството базирано на искуствените практики на учење.
  • Проектот има и еден социјален пристап, користејќи инпути од ученици, експерти и други чинители, тестирајќи ги компетициите од учењето преку алатки од реалните животни ситуации.
  • Креирање на курсеви за развој на капацитетите на наставниците/ обучувачите и потенцијалните работни ментори (органски производители) користејќи го иновативниот модел на работно практикантство за обучуваните лица во реална околина (на фарма/фирма).
  • Крајната цел е да се креира една оперативна и акредитирана (верификувана) програма за стручно образование и обука врз база на модуларни курсеви за доживотно учење за органското производство во Македонија, имплементирана од обучен кадар.
Донатор

Европска Комисија ( Еразмус + Програма)

Вклучени организации

Национална Агенција за европски образовни програми и мобилност

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved