ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
П.ФАХ 68
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

ПОВИК ЗА ОБУКА ВО ХОЛАНДИЈА

ПРОГРАМА ЛЕОНАРДО ДА ВИНЧИ
ЛИЦА НА ПАЗАРОТ НА ТРУДОТ
МОБИЛНОСТ

Понуда за обука со пракса во Холандија

Организација испраќач: Фондација агро-центар за едукација (ФАЦЕ), Скопје, Македонија

Организација домаќин: CAH Dronten Универзитет за применети земјоделски науки, Холандија

Организација посредник: HORTI-MATCH HOLLAND, Холандија

Спецификации на почеток на мобилноста:
Почетна дата на обуката со пракса (најрано предвидена): 24/09/2012
Почетна дата на обуката со пракса (најдоцна предвидена): 08/10/2012
Траење на мобилноста: 2 недели

Профил на учесниците:
Групата на учесници што ќе биде избрана (16 лица) ќе биде составена од млади фармери со завршено адекватно образование, на возраст помеѓу 18 и 40 години, кои се во потрага по вработување или ново вработени, или пак работат на сопствена фарма или фарма на нивните родители во Македонија. Тие ќе имаат можност да се стекнат со искуство од една од најразвиените земјоделски земји во светот – Холандија. Обуката ќе се состои од теоретска и практична настава во компанија/ фарма. Оваа програма е наменета за младите, кои имаат завршено или пак се сеуште студенти, кои се нововработени, или пак сакаат да се вработат и да го подобрат семејниот бизнис.

Содржина на обуката (активности/задачи):
Обуката е скроена за две групи на млади фармери кои генерално можат да се поделат на два типа: градинари и сточари.

ЗАЕДНИЧКА ПРОГРАМА: За двете групи е предвидена заедничка програма која ќе се фокусира на клучните прашања на модерното земјоделство во Холандија: управување на синџирот на производство, системи на квалитет, сертификација на производство (ГЛОБАЛГАП), следливост во производството,  заштита на растенијата, намалување на резидуи и безбедност на храната. Исто така, оваа заедничка програма ќе има и практичен дел на фарма за запознавање и користење на современа механизација, трактори и приклучни машини.

ПРОГРАМА ЗА ГРАДИНАРИ: посебна програма за оваа група со фокус на тридневна практична работа на фарма за јагоди, која има производство преку целата година во стакленици, пластеници и на отворено. Фармата има и сопствено производство на расад покривајќи го целиот синџир од одгледување до маркетинг (директна продажба). Групата на градинари, исто така, ќе посети компанија која произведува повеќе од 200 таканаречени „заборавени зеленчуци“ фокусирајќи се на специфичните (niche) пазари, како што се специјализирани продавници или врвни ресторани каде што само најдобриот вкус е дозволен.

ПРОГРАМА ЗА СТОЧАРИ: за оваа група ќе има посебна тридневна програма за работа и учење на модерна органска фарма за одгледување на млечни крави од видот Џерси (Jersey) и посета на фабрика за производство на сточна храна. Исто е предвидена и посета на стручно училиште кое се занимава со едукација во делот на сточарството.
Сите учесници ќе имаат и т.н. “ден за екскурзија“ во западниот дел на Холандија каде ќе се запознаат со редица на интересни примери на организираноста на земјоделското производство во Холандија, како на пример: посета на аукција, „светот на доматот“ -Tomato World, производство на стакленици и на саден материјал, како и посета на т.н. Агро-парк.

Профил на кандидатите:

  1. Да се на возраст помеѓу 18 и 40 години
  2. Да имаат искуство или сакаат да работат во сферата на:
    1. Градинарство (пожелно во производство на зеленчук и/или јагодести овошки)
    2. Сточарството (пожелно одгледување на крави за млекопроизводство)
  3. Да имаат одреден повисок степен на образование (пожелно факултетска диплома од сферата на земјоделството/ ветерината)
  4. Да имаат познавање од работа со компјутери (пожелно сертификат)
  5. Да го познаваат англискиот јазик (пожелно сертификат)
  6. Да сакаат да учат и работат на фарма и да прифаќаат нови методи и техники на работа
  7. Да бидат исполнителни, совесни, одговорни, упорни и со иницијатива за имплементирање на работите

Трошоци за престој и обука:
- Сите трошоци за престој (храна и сместување) и за обуката, вклучително и превозот до и од Холандија (со авион) се покриени од програмата за мобилност на ЕУ - Леонардо да Винчи на организиран начин.

Краен рок за пријавување:
15 Август 2012 до 14.00 часот по електронски пат.

Апликацијата (барањето) со објаснувањето на програмата за обука со пракса, сите заинтересирани освен на страницата на Фондацијата АЦЕ (www.face.org.mk) може да ги најдат и страницата на Федерацијата на Фармерите на Република Македонија (www.ffrm.org.mk)

За дополнителни информации јавете се на телефонот на Фондацијата aгро-центар за едукација (ФАЦЕ): 02/3222-015. Лице за контакт: Наташа Огненоска. Барањата се доставуваат електронски.

Само доколку барањето Ви биде усвоено, ќе ви биде побарано да доставите:
- Фотокопија од пасош (валиден со краен рок не порано од јануари 2013)
- Фотокопија од диплома за завршено образование
- Фотокопии од курсеви по англиски јазик и компјутери
- други документи (ако е потребно)

Апликацијата може да ја симнете на следниот линк: апликација

 

logo1

Национална Агенција за
Европски Образовни
Програми
и Мобилност

llp


Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved