ПОЧЕТНА ЗА АЦЕ ПРОГРАМА УСЛУГИ ПРОЕКТИ НАСТАНИ ПУБЛИКАЦИИ ПАРТНЕРИ ФОТО ГАЛЕРИЈА
 
КОНТАКТ

Фондација
Агро-Центар за
Едукација

адреса:
ул. Цицо Поповиќ,
бр. 7-2/14
Скопје, Р. Македонија

телефон:
+389 2 3222 015

e-mail:
contact@ace.org.mk

 
Поддржано од:
 
 
     Испечати ја страницата   Контактирајте не  
     
      
 
 

Проект "Земјоделство базирано на знаење"

16 млади фармери од Македонија ја посетија Холандија со цел да ги подобрат своите можности за вработување и нивното учество на пазарот на трудот.

Во организација на Фондацијата Агро-центар за едукација како организација испраќач, во рамки на Програмата за доживотно учење на ЕУ – Леонардо Да Винчи, Мобилност, група од 16 млади фармери со адекватно образование на возраст помеѓу 18 и 40 години, кои се во потрага по вработување или ново вработени или пак работат на сопствена фарма или фарма на нивните родители во Македонија, ја посетија Холандија. Тие имаа извонредно тренинг искуство кои вклучуваше  теоретска и практична обука во компанија/фарма, како и несекојдневно студиско патување низ Холандија. Изборот на учесниците беше направен во соработка со Федерацијата на фармери на Република Македонија (ФФРМ) и нивната Мрежа на млади фармери.


Организации домаќини беа две холандски институции кои имаат големо искуство во испорачување на практична обука: Универзитетот за применети науки CAH Dronten и Horti Match Holland.


Оваа двонеделна програма  за обука се спроведуваше од 23 септември до 6 октомври оваа година. Обуката беше скроена за две групи на млади фармери: градинари и сточари. Програмата се фокусираше на клучните прашања во модерното земјоделството: управување со синџирот на производство, системи за квалитет, сертификација, следливост на производството, заштита на растенијата, намалување на резидуи и безбедност на храната. Исто така, оваа програма имаше и практичен дел во PTC+ во Еде, за запознавање и користење на современа механизација, трактори и приклучни машини, која се реализираше на две приватни фарми.


Тие, исто така, посетија и неколку иновативни компании и организации од областа на земјоделството. Како пример, Groene Schuur Groessen компанија која произведува повеќе од 200 т.н. "заборавени зеленчуци" и е фокусирана на специјализирани продавници и топ-ресторани каде што само најдобриот вкус е доволно добар. Одлична можност за учесниците беше и посетата на една од најголемите хортикултурни манифестации во Венло - Floriade 2012. Floriade е настан од меѓународните карактер и за него CNN сметаше дека "мора да се види" во 2012 година. Настанот има посетители од целиот свет.

Content on this page requires a newer version of Adobe Flash Player.

Get Adobe Flash player


Како да не најдете
 
  © FACE, All rights reserved